збоктиса св.

збоктиса (св.)

„Обични крофни, без шеќер. Си помислив дека некому му збоктисале и ги донел. Затоа грабнав една и ја изедов. Беше бајата.“
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Можеше да стане угостител и да држи кафеана со македонски специјалитети кои денес се нудат, како расолница со сечкана сува пиперка, растриен компир со праз, исто таков грав, бакардан со и без сирење, пиперки со урда и тие некои живи салати во качиња и буренца... на децата им се збоктисуваа, зашто се вртеа сѐ истите и истите, па можеби затоа ни денес не одат по кафеани.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
- Збоктисана ми е теренскава работа и патувањево, па чекај три часа таму, па три ваму. Во чекање ми поминува денот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)