згрчен прид.

згрчен (прид.)

- Идиот, ќе нѐ чујат, низ заби писна налутениот Пенчо, ноздрите му беа змејски раширени, но всушност личеше на згрчена птица.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Беше средностав, згрчен во дваесетгодишно палто, бос, неизбричен, со тешко определиви години. беше човек што со нешто особено во исто време привлекуваше и одбиваше и долго се паметеше.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Ти ја прободе мојата приказна, ја остави да лежи згрчена на дожд.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Како згрчена дланка ќе го сокрие во себе. а тој ќе знае дека акордот е сонуваната болка. тој акорд треба да остане таму, под клуч, в самица. никогаш повеќе луѓето да не сонуваат ножови, никогаш повеќе да не го чујат чемерното крцкање на прстите, стиснато околу неиспеано грло.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
- Слушај! вреваџијата ја прекина својата песна и се сврте кон згрчениот сосед. - Земи и ти една. Те честам.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Така згрчен, ги ослушнуваше шумовите и итро, со ледениот сјај на тркалезното око, го следеше несигурното движење на непознатиот.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Штом ќе излезам од станицата, зад мене останува темноцрвена тулана. Ме пречекуваат ред тополи и згрчени куќи.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Во оваа ноќ низ згрчените прсти на гранките нема да се слеваат лепливи шурки на месечината.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Без напор, како далеку пред тоа еднаш, во едно детство, се сети дека плови по непознати простори, мал и згрчен, сиот наморничавен и неподвижен.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Се откачи месецот, а Стојан Ванков остана да лежи згрчен во својата постела, остана болен и без капка сон во очите.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
И рече: Оче Симеоне, од кај ќе почнеме сега, вака без место на жолтиот Нојов кораб со пијано кормило? * Почна како што заврши еднаш, одамна, пред аџилакот во смоларата - згрчен и в крчма, помеѓу дождалците неподвижни и невесели зарад неговата бескрвност и крв во очите.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Тогаш и многу други гранки ќе ги подигнеа своите згрчени прсти и ќе се растовареа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Онаа голема, распафтана мечка, отскокна од неговиот истрел, се подигна на задните нозе и остана така, исправена суза, погодена и згрчена, во едно морничаво превивање, во кое што болката бликаше многу посилно од секаков вик.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Стоеше згрчен и извалкан од она во него. Тој секако дури сега сфаќаше сѐ што стори.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Очите ѝ појдоа на сликата негова обесена на ѕидот и се штрекна: на неа го виде истиот оној згрчен насмев што му останаа пред смртта на устата.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Кала седна на столот каде што седеше докторот и почна да го жулка Илка по лицето и челото, да му турива со лајче вода во устата, да му ја поткрева перницата зад грбот за да му го олесни дишењето, но тој само ја погледна кревајќи ги очните поклопки со напор и при тоа како да се поднасмевна со крајчињата на устата, и таа насмевка му остана на лицето, згрчена, недовршена.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Така и јас, згрчен над греалката, повторно се откривам во своите неповратни почетоци.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Во згрчената дланка на левата рака држел сребрен џепен часовник истргнат во битката од непријателски офицер.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Стотици мртви и еден коњ, премногу за тоа запурно лето без гуштери на излишавените карпи, сите до една слични на згрчени чудовишта, еднаш, кога и да било, ќе се тргнат од летаргија и ќе појдат да се хранат со човечки коски.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Зима, сурова и смртоносна, со гола смрзната земја, згрчена од нервозна болка, слепа и нема за се што станува над нејзината тврда кора.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Повеќе