здувне св.

здувне (св.)

Ја здувнуваат како ветер пред да ја доречеш наредбата.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Добро, знам дека тоа не е оригинално, знам дека многумина така направиле, знам дека најдобрите од мојата генерација многу порано од мене здувнаа некаде... ама јас не можам да зборувам во нивно име од причина што мене не е нив.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Се враќаме една вечер од театар и дур’ се свртев, туку ја снема, а бе, не ми веруваш ти, ама ја здувна, аш, исчезна, како да пропадна во земја.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Мажот, вујкото, кога ја здогледал разулавената банда, всушност, пушката во рацете на својот шура, ја здувнал кон планињето.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)