зезне св.

зезне (св.)

Јас го вадам „скакулецот“ и отсекувам едно големо парче од газот, таа дигна врева, како божем за тоа сум ѝ дал малку пари, а јас ѝ го растурам мозокот. Тогаш ја фукам од чисто зезање”.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Нели ме зезна? Повеќе пати?... Колку префинет гад!
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
ВЕЧНО! нека плачат! 14 ехе-хе! ете тој фраер го глеаш влегува во проклетиот лифт се прославил по тоа како дошол до некои пет стапки дол стап не се зезам никој од вас го нема од пет стапки и тој влегува во - аха! ма замислете таков еден дунстер да влегува во шугава јавна куќа сакам да кажам јавен лифт?
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
- Знаеш што е тоа Гоби? – го прашав Борче. - Ај бе, не зезај, дали сум знаел!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Зезнат татко има? – ми се сврте Ада. - Не е, баш напротив, ама Огне претерува.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
„Не ме зезај, кучкин сине. Секако дека зезнато се чувствувам“.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Тој и самиот почна да зеза.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Друштвото беше во нешто повеќе од добро расположение. Токму тогаш се зезаа со Еда.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Но овој викенд нема зезање!
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Јас на тоа се зезам, дека ги жалам моите неостварени соништа.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Задоцни ѝ вечер од неодложниот состанок со колегите и колешките, ама со усул, и излажи дека си си се зезнал што си бил, ама, ете, немало смисла само ти да не одиш.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
„Ма, немој да ме зезаш!“, се смеам јас, а тој ми намигнува како предвоен швалер со два прста мустаќ како Клерк Гебл и ми раскажува: „Ти немаш поим за животот, дете.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)