зло (ср.)

За смртта тој не се решаваше прв да ѝ каже, од неа злото го крие, бидејки ѝ беше единствена потпора, левен, чедо на мајка си првно.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Пискотници се слушаат од Галичник до Река, што тешка несреќа ги збра и мажите, и жените, та гласи тажна ека и навева сал коб и зла?
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Не на многу време радост е била за мене, стига веч година чрна, злото веч ме најде.
„Крвава кошула“ од Рајко Жинзифов (1870)
Само тој старец ги учел и децата и мајките и татковите за да не прават така, оти големо зло ќе ги најде.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
И така, значи, Бугарија ни ги направи досега веќе сите арнотии, остануваше само и кај нас да развие класа „самостојни националисти” што ќе разберат најпосле каде е коренот на секое зло во нашето национално развивање, т.е.Бугарија реши и кај нас да насее русофобство, та и ние да ја изгубиме секоја вера во православна Русија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
И вистина, од нашето викање дека сме Бугари ние имавме право да очекуваме за нас добрини, а не зла: ние можевме да очекуваме од Бугарите поддржување на сите наши духовни нужди.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тоа согласување досега се сметаше за државно предавство, но откако бугарските дипломати си го испитаа сето бессилие, и при најголемите свои усилби сами да го решат македонското прашање, ќе се најдат цел ред бугарски дипломати што ќе погледнат на тоа согласување како на неизбежно зло.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
А твоите другари, без да си сторил било какво зло, фрлија кал на твоето име и народот им поверува…
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Додека светот ни крои зло, среќата наша расте кај Антица и после пет месеци таа ќе излезе и ќе викне: тате, мамо...
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Добро- зло? Нејасно се зачна ова прашање во мојата свест затоа и одговорот јасно не можеше да го исчепкам од кожурецот на мачењето.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Одев полека, со некаква возбуда претчувствувајќи ја границата помеѓу злото и доброто.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Професорите од жолтата гимназија, луѓе сиви и без разбирање за сиот живот околу себе, и жителите на безизлезната улица, ситни во своите страсти за кои најголем настан по некоја светска војна беше апсењето на стариот Адам, не ми беа разбирливи, во нив не го видов она што е спротивно на злото иако многуте не беа зли.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
И затоа тој го напуштил тој „божји рај" — Света Гора, и ете го, си дојде да ја исполни заповедта од „сајбијата" од кладенецот Илинец во Сталевата нива сака да му се направи меќани манастирче и дека ќе му направи многу зло на селото, ако не му помогнат во оваа работа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ама, ела зло без тебе полошо! Само гледај побрго: дури е жешко железото се чука.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
липа _ 1) дрво липа, 2) несреќа, зло го најде, човекот. Му се стори липата маѓер — готвач мазгалка — камарче во ѕидот мака — волку мака — сермија макцам — дете малечко, неразвиено уште мал — имот, земја малчок — исто нагалено (диминутив) мандак — пес.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Уште кога чу дека Луман излегол од оваа страна на планината, прв меѓу селаните се крстеше и се молеше вака: „Само, луѓе, речете тоа зло од нас далеку да биде“.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
И радосен, зашто кажува како еден силен арамија, Арнаутин, ги мачел сиромашните селани и како тие, во времето по Хуриетот некаде околу 1909 година, му платиле за сето зло што им го сторил.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
- Ех, -присторе дедо Бошко уплашен дека овој сака да го наведе на зло.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Злото не е алка, тоа е низа од алки, запрега на судбината; те зауздува и ќе те влече до оној ден, до мигот во кој под твоите клепки ќе свенат синоличките како во очите на коњот од недетското детство.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Врз твојата пепел и мојава нека тежи прими ме! Над сите зла Најцрно ми е Без тебе!
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Повеќе