зошто прил.

зошто (прил.)

Има пак некои што зборуваат: „Зошто е словенската азбука?
„За буквите“ од Црноризец Храбар (1754)
Затоа словенските букви се посвети и подостојни за почит, зошто свет маж ги створил, а грчките, пак, букви многубошци.
„За буквите“ од Црноризец Храбар (1754)
О, зошто немав сабја јас, та со неа мавтајќи, да летнев како јунак в бој!
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Зошто ми е животот кога син ми неодмазден ќе е?
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Албанците, гологлави, пристапија со почит, со раце скрстени. Тој час најстариот се доближи и вземи удри очи па прошепна со искрен глас: И везден ти да плачеш, имаш зошто.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
– „Ами кога се правите штркови, им рекол Силјан, зошто сте сега луѓе?“
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
– „Еве зошто ние знаеме сѐ што имате дома, Силјане, му рекле, оти ви седиме на куќите; ние се правиме штркови, Силјане, и ви идеме во вашето село и во сиот вилает ваш“.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Ах, татко, татко, зошто толку лошо ме колна за да дојдам во оваа пустелија! "
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Ете зошто ние, меѓу другото, се признавме за Бугари, т.е. тврдоглавци.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Се прашува: зошто?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Се викавме вистина „Бугари” и „христијани” во национална смисла, но зошто тоа е и дали е навистина така – ние не се запрашувавме многу— многу.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
ТЕМЈАНА: Зошто си се облекол Маноиле! Каде ќе одиш!
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Која е таа? Зошто дојде токму во овој момент? Што сака од мене?
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
И има зошто да ѝ сум благодарен на баба Ленка, стројничката! (Влегува баба Ленка)
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Зошто не ти е ни свршена, ни венчана. Слушај, мајка што ти вели!...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Их, бре! Заборавив зошто сум дојден!
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
ОСУМТЕ ДРУГАРКИ: (Пеат). Зошто ти се, баш девојко, тие туѓи луѓе?...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
ТОМЧЕ: Ја нејќе! А зошто? Каква мана ѝ најде? Кал под нокти!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Сакам да кажам.., Ама зошто, бре брате, ти не дојде до мене, туку буп! кандиса!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
ТЕОДОС: Паднала, па не станала! Зошто не ме разбудивте?
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Повеќе