ивица ж.

ивица (ж.)

Внимателно го крена ’рѓосаното железо, изгравирана глава на лав, што висеше на она крило од портата кое не се отвораше при секојдневната употреба и околу кое беше напластен од страните мов, а од долната ивица, напролет никнеа тревки.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Зачекори на самата ивица на копното, до самата река.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Крпите служат за бришење садови во кујна или им се оддава почесно место на ивицата од лавабото, стуткани за да не реметат со својата флекавост.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Ме бутна до ивицата и ми го наметна чувството на вина.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Дента беше цел ден во офицерскиот дом на последните припреми, отиде до дома на кратко да се истушира и спреми, се облече во едноставен светло лилав со ситни бели точкички фустан од жерсеј кој на ивиците беше украсен со едноставни дантели.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Вториот дел од ревијата беше дефиле на крзнени палта или палта со крзнени елементи: на пример, раскошно крзно само ракавите или само ивиците на марамите, потоа муф - прекрасни крзнени „торбички“ за двете раце наместо ракавици, како и широки шубари на главите.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Исто се случува и со чудата кои се оправдување за нашата вера, која е чекорење по рабовите на сопственото срце, на тие ивици и аглести кривини се скриени најголемите тајни.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
По рабовите на срцето, на ивицата од животот во слободен пад ќе лебди потребата од оправдување за нашето постоење и разликата помеѓу: - “Или хармонија во душата или рамнотежа во просторот?”
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)