игла ж.

игла (ж.)

Станала Неда да си земе нешто дома и Силјан слегол од куќа, та ѝ го зел клопчето што везела сосемати игла и го качил на куќа, та го скрил во сламата за ич да не се сеќава.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Еве друго што ќе ви кажам: сестра ми Босилка седеше еден ден во двор на ругузината и си шиеше едно ѓерданче и од ругузината ѝ загина; по неколку дни невестата ми Неда седеше и таа во двор на ругузина и си везеше вдовичинска црна кошула, преденото со сета игла везарка и загина.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Продолжија да одат, но Мече газеше како на игли, плашејќи се пак да не му се закачи некоја пијавица.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Неизбричен, начичкан со сиви, остри игли, тој гледа само со белките на очите во моите боси нозе и безгласно ја отвора големата уста. Небаре е нем.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Ѝ скрои ракав, ѝ насука конци, ѝ купи нови игли, и стрико ѝ Трајко ѝ направи убава шарена кончарка, и ѝ рече да везе нишка по нишка.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
Дупни издени, — дупни издени, — ја учеше Доста и ѝ ги бакнуваше малите танки и меки детински прстиња кога за првпат ѝ ја даде иглата в раце.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
— Шо ќе вида, шо ќе чуа па ти! Си залеа вода, и си киниса ваки со Јова и Бојана, — одговори Нешка и си забуцка да бара нешто во камарата над огнот каде што си ги оставаше своите работи: кончарката, иглите, калец или чорап што плетеше.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
Тогаш му се стори, или некогаш другпат, но секако таму на планина, пред или по средбата со бившиот богослов, дека таа му говори а секој нејзин збор беше како игла.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
На калдрмата лежи мртов скакулец, со игла закачен за дрвце.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
И знаев, нема такви ампули, таков шприц чија игла би го пробила мускулот и би те предизвикал да признаеш.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Тоа беа соништа на моето детство зачувани негде на дно мене и за мене и неа како твојата кутија со разнобојни пеперуги прободени со игла.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Го праша еден од работниците својот сосед, којшто се мачеше на слабата светилка на огнот, да вдене дебел конопен конец во тенка игла.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Се разбуди и не можеше да се сети дали сонувал и што сонувал, се отвори, со животворност на цвет, многу побрзо отколку што заспиваше, влажен под кошула и в чевли, сплеткан во чаршафот и со чувство дека низ светкавата, ќурчиски затегната кожа на темето му пробиваат неброј врвови на игли, се рабуди со едно недоизјаснето сознавање предизвикано од шум или од мирис или од продорност на нечии очи и скокна со брзо движење отварајќи ја вратата.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
ФЕЗЛИЕВ: (Луто.) По ѓаволите, ќе го постават човека за челник на Ѓорче да не е Ѓорче, туку игла.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Па и право да зборуваме - на детето умот не му е во иглата.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Тогаш иглата заигрува во затреперените прсти.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Нѐ викна кај неа и зеде игла и конец.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Трајче седна. Бабата му даде да руча зелниче, а чичко Тале зеде игла и конец и излезе надвор.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
САЗДО: А тој ме гледа божем игла голтнал.
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
Зад иконата во собата, Висар наоѓаше црковни книги; читајќи ги, му стануваа сѐ поинтересни: соништата сега му беа исполнети со рајски убавини и чуда; тие книги сега не му даваа време да размислува за смртта, за стравот од Зенула; престана да размислува што ќе биде кога ќе му го забуца куршумот Зенула: како ќе изгледа тој бодеж: ќе личи ли на трн, на игла или на врв со нож; и кај може куршумот да го погоди: ако го погоди во нога - ништо, ако го погоди в рака - пак ништо; знае дека можат луѓето и без рака и без нога; но ако куршумот го погоди в глава, в срце, што навистина се случува тогаш со човека: како настапува смртта, како изгледа тој миг?
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Повеќе
FlexiMac
 менување на македонски глаголи