идиотизам м.

идиотизам (м.)

Под дејство на размената и сеопштото меѓудејствување, народите би престанале да живуркаат затворени во своите граници, нациите веќе не би биле одделени планети, различните идиоми веќе не би се вкочанувале во идиотизми, книжевноста би се одвоила од тлото, а делата - стапувајќи меѓусебно во понепосредно заедништво - веќе не би можеле да се класифицираат според своето потекло.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
А, Циничниот филозоф, како приврзаник на кудењето, на борбата гради в гради, како и на дрскоста, го бира своето оружје: стапот... и идиотизмот.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Некохерентните започнуваат една историја на идиотизмот која што ја претставува самата суштина на модерната.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Како исклучив идеалист многу лесно станува жртва во стемпедото на идиотизмот.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Модерниот уметник, не баш двоен идиот, ќе му додаде на идиотизмот кој го карактеризира неговиот статус во полето на уметноста една комедија на идиотизмот која ќе го засега како индивидуа, во една иронична, комична или со потрагичен тон обоена пракса.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)