избричи св.

избричи (св.)

АНЃЕЛЕ: (се подбива со Ката.) Требаше оваа година да ја избриче за да не паѓа снег.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Првиот брза пред другите двајца: - Ја зобаш ти народната мака и на оро, си со брадестиот јарец талјански и швапски и со сите твои и заслужуваш да те избричиме под грло не како што бричи селскиот бербер Кузман па сѐ влакна бијат од лице туку ќе те избричиме јас Мушмула и Сотир ниедно влакно да не ја пробие кожата.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Немаше време дури да се избричи и да си ја промени кошулата.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
- Избричи си ја брадата, - рече тој. - Што ти текна за брадата моја... - Глупава е... сите мудрувате...
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ја избричи брадичката, на капата си соши петокрака ѕвезда и сега го учи македонскиот јазик.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Ќе се избричи, ќе ги ласне чевлите и ќе излезе да брои муви.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се избриков на едно џамче од скршено огледало. И целото солупено беше.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ќе ми ја избричат главата и ќе ми ја врзат во штотуку одрана кожа од камила.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И дава наредба да се истрижат мажите, да се избричат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Откако баба го избричи и го намириса со колонска вода, излеговме.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Има ножни листови свежо избричени, загадочни дупчиња на колената, што сѐ заедно предизвикува една мистериозна загадочност, поткрепена со бутини без масна наслага!
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
- Ме повикува врсникот Неделко Шијак, пак шепотел со стиснати шепи на градите божем држи рабови на миросано платно со кое си ја штити душата од отровни повити, но Богоја Гулабарин, Пане Долгманов, Цветко Грнар и Илчо Просинек, веќе се здоговориле ојуначени од ракија да ги здружат сурите волиња во две двоколки и пак во ново јунаштво се клештеле и се подбуцнувале со лакти превесели и за свадба; со сладосни гласови од кои и птици ќе се разбуделе го распрашувале старецот кога ќе се стрчне подмладен и избричен кон цицлестата Фиданка да ѝ го покаже мускулестиот стомак и сѐ друго што е машко на неговата ластареста става; им говорел со ѓаконска самоувереност - Ќе дојде потоп, господ ќе ме држи да не потонам а вие ќе пекате по мене и ќе ме молите ропски рачињата извалкани да ви се држат за учкуров, да ве влечам по бранови и пени.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ги повика селаните да му ги направат сите адети, и тие му ги направија: го избричија, го измија, го облекоа во нови алишта, му обуја нови чевли. И го ставија во ковчегот.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Има и електрична машинка за бричење! Би можел да се избричам!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Се избричи ли? Девојчето (Се фаќа за шлицот): Сакаш да провериш?
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Винстон, сѐ уште со актовката со книгата, што му стоеше меѓу нозете додека работеше и под главата додека спиеше, замина дома, се избричи и речиси заспа во кадата, иако водата во неа беше одвај млака.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
По околност што некоја година престојувал во Мелбурн, зборуваше по некој збор англиски и му се стори важно со мене да зборува на тој јазик, бидејќи јас сега, поради треската, изгледав бледо и нежно, и уште свежо избричен и облечен во ново, токму како странец во Маказар. „Јес“, повтори тој, „егзектли, точно за гараж!“
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Преземајќи ја сета вина на себе, не собираше сили да ја споделува загубата по синот со жена си, колку и таа со очите да го молеше за тоа. Ѝ ја препушти грижата за помалата ќерка нејзе, како што се отуѓи од сопствениот дом, навраќајќи не толку да се види и да преспие со нив, колку да се пресоблече и да ја избричи повеќедневната брада.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Секоја утрина, лете или зиме, се миеше надвор на чешмата, гол до појас, и не излегуваше од дома пред да се избричи, макар и со ладна вода.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Кому може да му користи тоа што двајца агенти на Гестапо во централната зградата на еврејската општина го влечат до тоалетот, заменикот на главниот рабин Хаим Хабиб, оној сериозен и скромен човек, кој да не беше Евреин, ќе беше уште и симпатичен – и како тоа да не е доволно, го исмејуваат и над Тората го тераат да одговара на нивните потсмешливи прашања за законот „заб за заб, око за око”, додека еден офицер на улица запрел некаков рабин, го однесол дома и му ја избричил половината од брадата и така го пуштил да излезе на улицата...
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Повеќе