извежба св.
извежбан прид.

извежба (св.)

Откако поминаа низ обуката, дресерот побара од селото доброволци кои ќе се кријат на разни места за да се увери до која степен кучињата се извежбани да следат разни миризби на луѓето.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Кутрите глави како светнаа! Стариот, се виде, во таа работа имаше извежбано сѐ до поединости. Глава од глава.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Морам плукањето добро да го извежбам - си помислив.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
„Со други зборови, поимите, кои се појавувале единствено како антитетички, со текот на времето човековиот дух толку ги извежбал што на секој од нивните два дела можел да им овозможи самостојна егзистенција и, следствено на тоа, да им обезбеди сепаратен гласовен приказ.“
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Целта на оваа вежба е да ја развие техниката која веднаш ќе го привлече читателот кон следниот параграф и ќе предизвика во него желба да тргне понатаму, бидејќи го приврзавме неговото внимание кон овој параграф, токму поради неговата занимливост. Ако не се извежбаме да пишуваме вакви параграфи, кои му претходат на дејствието, не можеме никогаш да постигнеме вистински суспенс.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Тоа го имам извежбано – исклучувањето.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Беше задолжена за тешките случаи и две затворени жени умреле задавени од нејзините раце на поларна мечка, извежбани до уметност за убивање од невнимание.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
- Де, де... - врати тој. - Не бери гајле. Ќе ги извежбаме. Дојди по некоја недела и ќе видиш.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)