извештачен прид.

извештачен (прид.)

Но, кога внатрешниот свет накрај ќе му се предаде на просторот, внатрешната извештаченост треба да биде видена и пројавена.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Според тоа, оној филмски стил што јас би сакал да го следам е оној што прифаќа одредена доза на „извештаченост“.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Азијански, пак, насочува на нешто спротивно, на прекумерност, многузначност, извештачено започнување со дребулии и итро, речито заобиколување на јадрото, субјективно, перспективистички свесно "лажно" прикажување.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Тешко ја разбирам оваа извештачена срдечност, изнасилена љубезност која повеќе ми личи на облик на агресивност.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Близу границата ми пријде несетум една жена од моите блиски по мајчина линија, индиректна рода и ме гледаше час со извештачена доза на благо сочувство, час со извештачена доза на сожалување, којзнае која беше вистината.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Извештаченоста е онаа чудна состојба на душата во која свеста штотуку прогледува, како што тоа го кажува Гомбрович, увидувајќи го лицемерството на својата состојба, и кое се состои во создавањето на еден вештачки двојник, во правењето еден вештачки автомат на својата сопствена суштина, што значи во понадворешнувањето на себеси како друг, со милоста на знаците.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
- Смачено ми е од извештачено продавање на приучени манири, смачено ми е од користење на интернационални фрази за да изгледаш помудро, смачено ми е од целиов овој провинцијализам што сака да се напика во центарот на сите збиднувања ...
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Извештаченоста никаде не проаѓа добро. Можеби само моментално.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Чувствувам искреност или извештаченост и лицемерие. Знам кога некој мисли лошо за мене или кога некој се чувствува лошо во себе.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)