извештај м.

извештај (м.)

Реферира везирот уште за сума писма од полководците на исток и на запад по средоземноморските брегови од каде што идеа само поволни извештаи – од победи кон победи и најпосле, со извесно потценување, правејќи гримаси како за нешто безначајно, изусти: – Еве, милостиви господару, и една ситна работа, ако ми дозволиш да ти доложам.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
По завршувањето на аудиенцијата Великиот везир пристапи со доклади по писмените извештаи од разни краишта, каде што војуваше султановата силна војска.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Веднаш испратија извештај за успехот до пашата во Скопје и кадијата во Прилеп, и од обајцата добија заповед бунтовниците да се доведат живи во Прилеп доколку се предадат живи.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Есента Гоце доби таен шифруван извештај. Во него пишуваше: „Шпионите не спијат.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Прописно напишавме извештај, го испративме по канален ред.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Јавете таму дека курир со извештај и прашање што да се прави во случајот доаѓа.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Борис со биноколот забележа како откон селото Будимерци се движи народ; препозна дека не се селани, ама не личеа ни на аскери.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И Хилми си ја зеде грижата да ја исполни султановата наредба.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Излезе Сефедин вечерта по темница никој да не го види и според кажувањето на колџиите, ги насочи потерите по оние села каде што се врткаше Толе.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
А дресерот даде извештај до својата команда дека кучињата се наполно оспособени за извршување на секаква задача.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
СОЊА: Ти си пијан. Ајде Халил. Јави се утре. БОРИС: Со извештај од фронтот.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Семејството Лажоски како фабриканти се однесуваа, туку исфрлаа извештаи, шупливи макарони.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
О, ти луѓишта, хигиенисти! Се колнам, сите извештаи од ред беа со иста содржина.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Ве предупредуваме дека извештаите без точни податоци за името, презимето, датум на раѓањето точна адреса и националноста, не ќе се земаат во предвид.
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Вашите авторизирани писмени извештаи ќе бидат примени, со почетокот на следниот месец, на нашите пунктови низ Градот.
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Го начекувам извештајот од борбите за ослободување на Лерин.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А вестите се редеа: Конференцијата на амбасадорите во Лондон, врз основа на извештајот на Комисијата на 6 декември 1922 година одлучила спорната зона да ѝ се додели на Албанија.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Имаше прецизни извештаи и од најоддалечените планински села, од градовите, од долините, за илјадници, милион ликвидирани кози.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Деноноќно стигнуваа до центарот извештаи за однесувањето на козите, се испраќаа криптозаштитени инструкции до републичките центри, се сумираа искуства, се испраќаа препораки, директиви, се сугерираше планот за последниот јуриш против „белата контрареволуција”.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Сепак се пишуваа строго доверливи извештаи врз основа на честите тајни доставки за антикласниот сојуз помеѓу Чанга и татко ми, за интелектуалецот и козарот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Повеќе