издејствува св.

издејствува (св.)

Во Битола Ѓуро не заборави да издејствува помилување и за своите двајца четници Колета и Стојана, но додека тој се задржа таму да ја положи клетвата и го утврди „посрбувањето", наредникот успеа да ги фати неговите четници и една ноќ ги „суреди" обајцата со ладно оружје — по еден штик во градите — и ги закопаа во грмаѓето Уровички.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Изложбата во Палацо Граси не ќе беше можна без потполната соработка на мадам Дишан, која се заинтересира и во последен момент издејствува позајмици на некои од најважните експонати на оваа изложба.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Затоа издејствувај ми едно пусулче за да можам да го обесам на ѕидот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тоа е начин да се преживее, тие се сите тука свои на своето, тој е дојден и заглавен во туѓ град меѓу туѓи луѓе, во туѓа средина во која единствена смисла има да продолжи да ја држи функцијата, инаку е никој и ништо - се правдаше самиот пред себе си, а оној темен дел од желбите ќе се појавеше ненадејно од темните келари на неговата душа и ќе го потсетеше дека се лаже: „Не се прави наивен”, ќе се соочеше со себе си; неодамна самиот пред германските власти ја издејствува смената на Сабтај Салтиел, но и преземањето на неговата функција, стана и претседател на еврејската заедница на Солун.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Тоа му се потврди кон почетокот на 1941-та кога уште еднаш, овој пат, сосем лесно, му успеа да издејствува потпишување договор за уште еден мандат.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
На немилата ситуација, да не должам понатаму, ќе ѝ ставиме крај со вкупниот откуп за нивната слобода, што успеав да го издејствувам пред воените власти”, полн со ентузијазам им објаснува д-р Мертен на соговорниците од Координациониот управен одбор и претседателот на солунската еврејска заедницата Сабетај Салтиел.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Имаш влијателни пријатели и овде и во светот, можат да ти издејствуваат да добиеш излезни визи за онолку луѓе за колку што ќе побараш. Побарај за целото семејство.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ако исправата се наоѓа кај државен орган или орган на државната управа или кај правно или физичко лице кое врши јавни овластувања, а самата странка не може да издејствува исправата да се предаде или покаже – судот, по предлог на странката, ќе ја прибави оваа исправа (чл. 217, ст. 1 и 3 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Оваа одлука којашто се коси со важечките закони, новопечениот директор успева да ја издејствува преку надлежниот орган –  стручниот колегиум на МЦ, во кои седеа неговите истомисленици.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Писмото кое беше испратено на старата адреса на живеење – од која Авдиќ се отсели уште во 1994 – беше со намера да се издејствува тој добие отказ поради, наводно, нејавување на работно место во период од 44 денови (откога Орхан го доби писмото, па сѐ додека не се појави лично во фабриката „Киро Ќучук“).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)