измазни св.

измазни (св.)

Му ја наполнив чашата. Се тргна; згрчените мускули на челото му се измазнија.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Очите ми смекнаа, челото му се измазни и тој молбено ја погледна туѓата, износена облека.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
И само по две, три потфаќања се увери дека под убаво измазнетото сало се кријат силни и итри мускули, и уште повеќе се разгори.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
На половина пат помеѓу селото и заборавената стара тулана, под голем стаблак на орев во чии лисја шушкаат крилја на невидени, птици и спомени, седат во круг седум старци со преголем товар на минатото врз грбот, не пијат и не пушат, и зачудо, некако со првиот предвечерен ветрец, брчките на мудрите лица им се измазнуваат.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Тоа бил миг што еднаш во годината се јавува: наеднаш од две страни зачикчирикале две птици исплакнувајќи си ги грлата со сончева гаргара; потоа попукале сите возможни пупки на дрвјата и на грмушките, бело, жолто и румено, и го поплавиле светот со сладок мирис од кој и лицата на старците се измазнувале; и потоа од проѕирните далечини како да надошле златни потоци.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Доце Срменков воздивнал и се обидел во збунетоста да ја измазни со дланка крестата на темето.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Рецензијата, го измазнив гласот, што ќе се обидам да ја напишам: ќе биде само недостоен, блед одглас на суптилната вредност на неговото дело.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Полека и недоверливо стануваше одомаќен: острините на неговиот акцент од Бронкс беа измазнети и омекнати до оттегнат изговор, откри дека ‘белата громова’, чиста или мешана со што и да излезеше од тогашниот војнички апарат за пијалоци, е на некој начин исто толку задоволителна како скочот со мраз; сега ги слушаше локалните групи во баровите во соседните гратчиња, толку често како некогаш Лестер Јанг или Гери Малиган во Брдленд.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
На разделувањето со Дардаванија, застанат пред триста и триесет и трите илјади играчки, измазнети, нагиздени како за на гости, со очиња оџарени од љубопитство и жед да тргнат по светот каде било, Дедо Мраз измавна со раката, одобри: - Навали народе!
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Алајко Ошев и Митре Ирчев, луше од власта и на власта, едно јулско утро измазнети, стокмени, со црвени вратоврски, утлеисани, со б`снати чевли, со чанти во рацете го чекаа џипот за да ги однесе во планинското село Ошево, како членови на Мировниот совет, како авторитетни помирители, но не и на војување (војната ја поминале „во позадина“).
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Излезе ибн Бајко надвор од храмот, измазнет и бел во образот, како од бербер да излегол, намачкан со ѓулсуи и тие други берберски марифети. Срцето му тупотеше.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
И зошто одненадеж, паф, се измазнува ко песја муцка ко опашката на Макс мачорот, душичка (врати ми го, те молам!); „Простете, не беше намерно“, вели езерото ми ги краде зборовите небаре расипало скапоцен предмет а јас, како ништо да не било скокам во него пливам, и нуркам, и го гушкам и повторно го сакам, свежо (макар што јас не знам што всушност значи да сакаш)!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Тој подлец изгледа го имаше веќе здогледано наближувањето на непријатностите па сепак, во огледалото, со чудна ноншалантност си го бришеше со белата мека крпа измазнетото лице , а потоа не го прескокна и она долго размачкување на помадата по образите и по челото без да стори ниту еден неприличен гест, или барем да побрза и да ми се тргне од пред очи, како што постапуваше многу често.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Потоа Клара самоуверено ќе ја измазнеше косата, ќе си пратеше бакнешче во огледалото, се разбира, упатено кон нејзиниот лик, за кој таа мислеше дека е крајно отмен, и во цврст од, сигурно ќе закаскаше кон излезната врата.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Тогаш ќе дојдеше, ќе ја извадеше банкнотата од џеб, ќе ја измазнеше со движење кое покажуваше љубов и страдање истовремено, и ќе речеше: „Беше толку љубезен и ми помогна кога бев во невола, еве ти ги овие пет марки!“
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Поднамести шмајзер, со левата рака измазни небричено лице, со насолзени очи погледна на сонцето и рече: - Само кураж... само кураж... - тој откинато го влече секој збор, небаре го џвака.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)