измеси св.

измеси (св.)

Ќе ја натерам да се врати, мислел, зашто немал каде да ја води; таа, со спокојно и некакво чудно безживотно лице од работилница на мајстор што од румен восок може да измеси млада светица, го чекала задуван и зол како човек што е осуден да се соочува на секој чекор со призракот на својата необична младост.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но тоа човече измесено од смола, влакна и болежлива пакост на вечно понижено суштество, сѐ уште покажуваше кон домаќинот додека по трепетливата вилица му се цедеа крвави лиги.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Чинките на човековата беспричинска радост им ја грееле крвта, ги тргале кон огнот зад ѕидот на урнатината и кон гајдата на Каменчо Скитник, човек што можел и од кал да измеси слатка погача.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Бевме неколку девојчиња, измесивме баници но со лој.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Командантот нареди кој знае од нас да измеси баница.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Кога Татко, пред празник, ќе донесеше пиле, таа стануваше рано, убаво ќе го измесеше тестото, па потем го делеше на топчиња кои ги извиваше во една или во повеќе тенки кори.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
„Ситно сечи го кромидот”, „Убаво измеси го месото”, „Не штеди на кашкавал... нека биде шарска баш!”, го слушав нејзиниот глас додека од долниот балкон му делеше инструкции, а таа, веќе здружена со сите фамилии, распиштолена пиеше кафе со Фиданчо и неговата половина.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК