измет (м.)

Ако рече Господ уште еднаш јас да појдам тамо, три години ќе чинам измет на манастир на Трескавец, на Богородица.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
И така, од таа недела Нешка Илкова стана поќерчена кај стрика си Трајка и под негова заштита, но затоа пак и Трајко помина на „измет" кај Доста.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Навистина, уште е рано, но, како што се вели, нужда закон менува: и тие со татко и нема да го чекаат Крлето осумнаесет и дваесет години да бреа по село, како што прават сиромашките ергени, ами ќе го наоглават уште на петнаесет шеснаесет години, да се отвори куќата и да има кој да му чини измет на татко ѝ и брат ѝ на Бисера.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Море, седи, ослепаго, како су чинила измет на ваа куќа толку години дури вие да се жените со браче Илка, ќе чина и сега, токо ние сакаме вие да си се удомите, да си имате друшки како шо си имате, а за измет — ќе чина гајрет дури да потпркне Ѓурѓа ошче некоа и друга година, па после и мене ќе ми се поолесне товарот!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Некои од нив се послужија со разно ѓубре од буништата, та дури и со изметот на воловите и коњите што се наоѓаше по сокаците.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Се смрди селото од риба; замириса сѐ на риба: и алиштата и постелите по куќите, и садовите, и водата за пиење, и млекото, и здивот на луѓето, и изметот; ги солеа луѓето, ги ставаа во грнци, во каци, во сѐ што имаа, ги сушеа, а скапаните им ги фрлаа на мачките што се накотија и изнадојдоа од сите села: мораа после со пушки и со отров да ги ништат.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Навистина, овие кучиња го засмрдуваат Париз, зашто нема ѕид, сокак, улица, а да не е опогането со кучешки измет.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Григор Бакалот ми рече дека тоа се лекува и со коњски измет.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Во гумното влегува Давиде Недолетниот и уште од далеку почнува да зборува: - Еда, вели Давиде Недолетниот, за малку денеска ќе бев мечкин измет.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Набројуваат луѓето запалени треви, крпи, измети, и везени лути пиперки.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се истурила кантата со измет, се истркалала меѓу нас и ние ќе се фатиме да се кубеме, да врескаме. Лудница.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Четвјортое: од собите се исфрлаат кантите за измет.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Пцујат по нас стражарите, клучарите, а ние претаме во изметот, се валкаме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ги урнале сите ѕидови, се нашле во лавиринтот на козји измет.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Решиле да ги запалат гранчињата, лисјата и козјиот измет со крајна цел, ако се живи, Чанга и козите да се задушат.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Повторно експлозија, па трет ѕид, а меѓу ѕидовите големи купишта козји измет.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Нема ништо интересно (барем за мене), освен компјутерската обработка на изметот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Тоа повторно раѓање за кое говори Хундертвасер е можно во неговиот систем на размислување, затоа што, по негово мислење, од изметот се раѓа живот, како што, обратно, „стерилната чистотија е смрт“.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Во првите денови некои од кучињата го гледаа душмански, непријателски како да им е тој виновен што се затворени овде, терајќи инает и 'ржејќи на него секогаш кога ќе го видеа каде што им носи храна или им го чисти изметот со лопатата или ги носи под тушот или во кадата на бањање, при што Богдан трепереше од страв да не го каснат; имаше и такви што беа кротки како јагниња, кои му се умилкуваа и го лижеа по рацете или му легнуваа да ги погали со раката, да си поиграат со него.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Одврзан, избеган од скептичната јама, дожд од измет започнува да ги сече и менува границите на предметите.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Повеќе