изморен прид.
измори св.

изморен (прид.)

И изморен патник замислено седнува овде, потпрен под некоја врба.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
А болницата сѐ почесто ме викаше и ме пушташе изморен и расеан.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Бандата направи препад токму на полноќ, кога изморените сејмени, ги налегна дремка, та разбојниците иако беа бројно многу помалку од сејмените, успеаја да ги опљачкаат колите и да ги одведат сите дванаесет коњи.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Има ова попладне прсти од блискост од свое. В месо да ти се вовлече и да молчи тешко и изморено, капнато да се протега под кожа во коски во сѐ што си и што не си.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
- Весел... - Не, изморен. Гледаш, одвај оди... - Весел е... - Изморен е... Често не можат да се согласат.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Измореноста се пробиваше низ неговата кожа и пушташе непријатни мириси од време на време и секогаш кога му се чинеше дека ја гледа како се лизга оддалеку, танка, нечујна.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Дотраеноста на куќата како да му ја зголеми измореноста: точи во него млако, беспомошно сознание за една видлива, опиплива и убиствено присутна непостојаност.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Изморен и тој намали, подзапре со работата. Погледна во Трајана.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
8. Попладне се врати од плажа изморен и гладен, без динар в џеб, се врати во градот и во себе си, како што се враќаат јагулите на мрестње во една вода.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Тоа му го носеа сите оние луѓе во сини комбинезони, валкани и изморени, што влегуваа во вратата на неговата гостилница.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Еднаш, кога беше сосема изморен од таа игра, во која постојано се напрегнуваше да смири некого само со своето присуство, тој помисли дека секој од нив останува да си биде само она, што си е, и дека тука никој никогаш не ќе може да измени ништо.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Беше некаква чудна грутка, истопорена таму, во нивните гради, заедно со измореноста, воопшто не беше студен.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- Да не си изморен? - А, не! На враќање цело време јавав на коњчево.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Мајка му ја посла рогозината, го фрли на неа покривецот и тие легнаа. Трајче, изморен од патот, заспа...
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Но уште во истата ноќ долетаа студени северни ветришта и ги потиснаа кон југ послабите и изморени јужни ветрови.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Најпосле изморен но не и со намера да се предаде, да го напушти барањето, се симна од таванот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Стар човек не е за ништо и за никаде! - имаше обичај да рече, кога изморен ќе седнеше негде да си почине.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Ќе дојдат изморени, мокри, гладни. Морам да ги пречекам подготвен, - си рече.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Се спотнав дури го стасав дури го навасав уморено предаденото кротко во раката предавничка како изморено јагне како птица премалена та почнаа да паѓаат гранки и да се ронат лисја и сокот да се меша со солзите и потта слегувајќи удолу кон земјата кон дното на мојата болка врз која се најдовме во прегратка среде тревите изгазени од купиштата дрва обајцата искастрени без вршки и без гранки со пресечени снаги сложени во камари додека седалата летаа без своите птици без своите сенки без нашите плешки во бездната на воздухот откорната од незасита.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Моментно заборавив дека се наоѓам в црква и, изморен, уживав занесен во мелодиите на Лист.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Повеќе