изреагира св.

изреагира (св.)

Ама, што можев. Бев немоќна да изреагирам така скриена во грмушките.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
На знакот означен со свирка, јастребот изреагира првин со страв, но веднаш потоа, се одзва со посмирен крик, и почна со атерирање да се спушта, „кочејќи“ низ воздухот со долгите остри канџи, кон дното од гората.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Се сеќавам, на крајот од претстава што беше дел од содржината на еден театарски фестивал, актерот што седеше до мене во публиката, изреагира бурно токму во мигот кога еден од актерите наредени на сцената како пред стрелачки вод, почна да аплаудира.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
За среќа брзо изреагирав. Се спуштив на задното седиште легнувајќи. Криењето беше како на филм.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Тие двајцата воопшто не изреагираа на моето влегување во собата, а Диана само ја подигна раката и тивко изусти: - Здраво јас сум Дијана Ангела ми рече: - Ајде смести се и земи нешто за пиење- па и таа се испружи на подот.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Никој не се помрдна, никој не изреагира на моето заминување.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)