илегален прид.

илегален (прид.)

Наредени околу голема маса од патинирано оревово дрво, ги испитуваа сите можности да ме напикаат во некој бунар за мачење и, кинејќји од мене парче по парче, да ме присилат да изјавам во лента на магнетофон дека сум член на илегален штаб чии планови, во најстрога смисла, се сведуваат само на едно - закопување на политичките призраци и побратимување на Земјата со Него.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
„Мораа да ме пуштат. И нив им беше смешно да ме сметаат за нишка од онаа илегална мрежа.“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Во Шведска не постои голем број сиромашни малолетници кои меѓусебно се убиваат на илегалниот пазар на дрога затоа што во Шведска воопшто и не постои голем број на сиромашни малолетници.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Докторите продолжија и понатаму да ги препишуваат слободно, со нив лекувајќи - од разни депресии до диети за добивање во тежина, со што само ја зголемија нивната рекреативна употреба, посебно на амфетамините Дринамил (пурпурни срца или сини), Декседрин (дексијс), и Дурофет (црни бомбардери) кои ги преплавија улиците и црниот пазар. 1964.година, после вревата што ја кренаа медиумите, илегалното поседување на амфетамините стана казниво со закон.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
71 Останатите можат да дојдат лесно до дрога, доколку го сакаат тоа. Казнувањето го зголемува проблемот со тоа што уживателите насила ги упатува на илегалниот пазар.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Дури и повеќе, овозможувањето на легалната употреба на марихуаната би обезбедило создавање на тампон-зона помеѓу користењето на најприфатливите илегални дроги и оние појаките.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Потоа таа најде привремено сместување: една илегална соба која ја делеше со синот. Соседите ја пријавија.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Си замислувате, веројатно, некој огромен илегален свет од заговорници кои тајно се среќаваат по визби, испишуваат пораки по ѕидовите, се препознаваат меѓу себе со лозинки или со некое посебно движење на раката. Ништо од тоа не постои.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Призна дека со години бил во личен контакт со Голдштајн и дека бил член на илегална организација во која членувале речиси сите луѓе што некогаш ги познавал.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Приказните за Голдштајн и за неговата илегална армија, рече таа, се целосна измислица што ја исконструирала Партијата за свои цели и во која човек мораше да се преправа дека верува.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Бидејќи Кларк бил повреден и му била потребна медицинска помош својата мисија Perseverance ја препуштил на поручникот Мекдоналд, а тој продолжил со мисијата на Џорџ Квајн која требало да замени за Македонија каде се надевале дека ќе може да биде илегално префрлен до Скопје каде што би можел да добие потребна медицинска помош.112 ____________________
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Тој на некаков начин бил илегален и во Бугарија.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
51 Идејата за Borderhack дојде од “Kein Mensch ist Illegal” (производ на „Документа Х“ од 1997 година), фестивал на германско-полската граница каде што киберуметници, музичари и активисти за човековите права организираа маршеви, разговори, концерти и работилници во знак на протест против третманот на илегалните имигранти.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Ние децата на самракот што меко легнува во ходникот Ние што ѝ тежиме на тежата на земјата Ние што љубиме од љубопитство Ние што не признаваме владетел во зборот формираме Независна Илегална Единица Пророк Ние децата на паднати борци со шестари в раце Ние со центарот в срце Ние избодени од игли Ние што кротко се собираме во црно-белата слика Ние од портретот групен формираме Независна Илегална Единица Пророк Ние децата на ветрот со очи во темната шума Ние громобрани на очајот развлечени во поворка Ние што подаваме рака над космичката постела Ние - тајната на светот формираме Независна Илегална Единица Пророк
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)
Но ете, откако го фрли тој сомнеж на него, зборуваше нешто нејасно за тајни канали преку границата на нашиот јужен сосед, за шверцување мигранти од Тунис, Мароко, Алжир, Нигерија, Авганистан и Пакистан, за луѓе од Кратово ангажирани околу некаков илегален логор за азиланти, за соработници на Ниротакис од Србија и Унгарија, за земји од Европа.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Со методите што ги применував ја насетив соработката на Ниротакис со луѓе од Кратово околу некаков илегален логор за азиланти, како и неговата врска со специјалци од Србија и Унгарија за пренесување на мигранти во западно-европските земји.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
И таму, по илегален пат, била завршена голема работа или точно таква каква што сакал натрапникот.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
- Значи, колешке, ќе имам ли шанси за некое илегално сместување? - Јок! Нема! - низ смеа одврати Рада.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Две недели Рада илегално помина во студентскиот дом каде ваквото солидарно згрижување на илегалци беше редовна појава.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)