или (сврз.)

и што бех на христиани добро учинила, и кој зло ми чинеше ја не му се љутех и трпех сѐ што ми чинеха лошо, и некои што беха у жалби и неволи — и јас плачех и жалех со них барабар, или некого от греховни работи отвратих, или си задржих јазик от клетви и л’жи и от праздни зборови, — сите мои добри работи видох ги како днеска учинени и се зарадувах.
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)
Расплакана Албанка, косите што си ги куби, фалби на Кузман му плете, бидејќи во оваа слава и подвиг ѝ убил можеби маж или дете.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
- Похарно грбав или слеп.
„Пeсни“ од Рајко Жинзифов (1863)
Лошо какво стигнало те или клетва тешка?
„Крвава Кошула“ од Рајко Жинзифов (1870)
Или клетиј, гладен Турчин срце ѝ изгори?... * *
„Крвава Кошула“ од Рајко Жинзифов (1870)
Или чума изморила синове ти, дштерки? Или оган изгорил е кашта ти и стока?
„Крвава Кошула“ од Рајко Жинзифов (1870)
– „Море што не проговориш, бре Силјане, да речеш добровечер, му рекол мажот, или помози Бог?
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Ако се Бугари, арно, - ќе се разберам; ами ако се Турци или Власи или Арнаути, како ќе се разбирам за да зборувам?"
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Од тие зборови што ги слушал Силјан штркот, голема жал му идела, што дури сакал да се сам убие или во бунарот да се удави; арно ама душа е мила, пак се попишманил.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
121. Најубедлив пример за тоа беа добар дел од членовите на МНЛД што имаа или српско или пак и српско и бугарско образование и воспитание: Мисирков, Чуповски, Константинович, Русуленчич, Петковски, Антонович, Ничота, Мишајков, Дедов, Џолевски, Николовски и др.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
И вистина дијалектот велешко-прилепско-битолско-охридски е јатката на македонскиот јазик, зашто на запад од него е дебарскиот (рока), на југ – костурскиот (ронка), на исток – источниот или солунскиот (р’ка) и на север – скопскиот или северниот (рука).
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но тоа делење пак беше на големи делови или народни групи, како, на пр., индоиранската или ариската, германско-словенско-литовската и др.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
И што друго можел? Или со пушка во гора или со торба на печалба.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Или чекај јас ќе станам. (Станува и оди го полни со ракија, а потоа го става на огнот и пак седнува.) КОТЕ: Маро мор, немаш некое пиперче туршија за мезе?...
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Зошто, мори, колку пати си ме донесла пијан од свадба или од гости? Та само збориш за инат!
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
До Хегел развитокот се сфаќаше само како просто квалитативно или квантитативно растење или смалување, движењето како просторно преместуваше под влијание на надворешна „сила“, човечкиот ум како механичка копија и како механичко дејство или на „материјата“ или на идеите, “a priori” секоја ствар, секоја категорија само тоа што е, само рамна себеси и ништо повеќе.
„Значењето на Хегеловата филозофија.“ од Кочо Рацин (1939)
Хегел никојпат не тврдел дека човечкиот субјективен „светски разум“ го создава движењето на категориите на „објективизираниот апсолутен дух“ во природата или општеството (неговата дијалектичка филозофија го признаваше приматот на надворешниот, „објективизираниот светски разум“ над самоспознатиот, „субјективниот разум“ кај човека), туку верувал дека во неговата филозофија „апсолутниот дух“ се „самоспознал“.
„Значењето на Хегеловата филозофија.“ од Кочо Рацин (1939)
За тогашната формална логика важеше императивот: илиили, трето нема.
„Значењето на Хегеловата филозофија.“ од Кочо Рацин (1939)
Ако не беше тој или ќе бев сега умрена не закопана, или пак посрамена.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
“ АНТИЦА: Јас ви кажав „или тој што ме спаси ќе го земам или никој друг“.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Повеќе
FlexiMac
 менување на македонски глаголи