илузорен прид.

илузорен (прид.)

Описите на овие „посакувани“ начини на постоење всушност се илузорни.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
„Ми се чини дека фигурата на интелектуалецот беше специфична конструкција во која отсекогаш постоеше еден илузорен момент, од кој никогаш не се ослободивме.“
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Сите овие тројца се папагали, кои, чувствував дека ќе се налутам, имитирајќи некој илузорен канаринец, кој всушност никаде го нема!
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Се останува по старо џелатите станаа современи слободата е фрлена на колена чуствуваш духот е во зандани Едни злосторници заминаа но дојдоа нивните внуци џелатите се вртат во круг ги слушаш истите звуци Човештвото полека изумира светот е цел во метастаза а надежта остана во кутија се острат и неа да ја згазат Луѓето умираат во незнаење несвесни во илузорно постоење некои се мртви од раѓање а деновите им служат за броење Премногу животи одземени изгазена е совеста чиста премногу солзи пролеани а судбината остана иста
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Ми се допаѓа нечија илузорна сериозност.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Илузорно платно на ограничен простор чии крај се сопствените агли.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)