инаков прид.

инаков (прид.)

А во Македонија работите се сосем инакви.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
И така нашето духовно преродување и просветување кај нас, па и изработувањето на нашата писменост, поради географските и историските услови, има земено во првата илјадагодишнина по раѓањето Христово инаков од, а кај другите православни Словени инаков.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Таа цел се достигнуваше едно со најавување историски и други права и сообразувања, а друго и главно, со инакво поставување на прашањето за народноста на Македонските Словени.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
И се внесува во страниците на еден свет чуден, незаборавен, сосема инаков од овој.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
- Од еден квас сме заквасени. Се мислиме за инакви, а не сме.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Тогаш беше сосема инаков. Од оној крениглавец Арсо не останало ништо.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Сепак ги носеа обележјата на нивното велможје, ги славеа боговите кои населуваа сосем инаков свет од овој, ги пееја старите песни со зборови, кои, архаични, им се чинеа како цврста залога на некогашната моќ.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Станува збор за правење на посебна, инаква слика за производот во однос на неговата конкуренција.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Но создавачот на староерменскиот систем на писмо прибегнува кон инаква постапка: дополнителните знаци на ерменскиот алфабет не се сместени во крајот на алфабетската низа, веднаш по грчките знаци, туку дополнителните знаци се разместуваат во границите на првобитниот дел од ерменскиот систем на писмо, во кој се рефлектира грчката алфабетска низа.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
И таа реши на инаков начин, низ една домашна задача, да се обиде да го открие тој свој таинствен ученик.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Сосема е инаква разработката на мотивите богати со поетска фантастика (Портрет на непознатиот) каде што стварното, скриено од нашите очи, ќе го откриеме низ уметничката постапка, благодарение на визијата на Владимир Георгиевски.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Белки пу инаква судбина ги чека! ќе проговори еднаш длабоко замислена.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Вест која радува: младост на обликот (Модилјани) ластерки на личотијата од нов вид - а прстите на цветаева невидливи врз тилот на долгата жешка зима – мимика на притивнат протест сѐ-на-сѐ антиграматика на очајот - спознај се самиот себеси и уште (асоцијации за вратот) теснец кој пулсира – притеснета надеж клисура во која одекнува контрабас а мажите аргонаути, крзнољупци верници од инакви светови не се откажуваат од потрагата: влезот во жената е бескрајно долг да биде волјата ваша слободна!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
По- инаквата сварност дебне од сите страни.  Мирисаш на земја секое семејно попладне.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Таа беше едуцирана на инакво однесување, на друг јазик, на потивок говор, на друг начин на облекување, на други вредности, нејзиниот маж на симболично навестено, ненагласено носење брада, на класична музика, на Европа, на германски повлијаената кујна, на фин бекерај, не на груби лебови, симити и јадења што се носат на глава во зачадените турски фурни, на инакви вкусови, со други културни печати, на Западот, во кој Истокот се вплетуваше како идеја за далечното потекло, длабокиот корен, идентитетот положен во далечините од минатото.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Го впивме тоа горчливо искуство на претците со мајчиното млеко, па го заборавивме – сакајќи да ѝ припаѓаме на новата Европа, заборавајќи дека Европа еден ден одново ќе ја сврти кон нас својата крволочна челуст; верувајќи во новата Европа ја заборавивме судбината на нашите блиски и далечни претци, заборавивме на крвта која им била пиена затоа што биле од инаква крв, ги заборавивме неброените судбини на понижуваните, лажно обвинуваните, прогонетите, мачените, усмртуваните, заборавени и од Бог и од ѓаволот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)