индоевропски прид.

индоевропски (прид.)

Некогаш сите Индоевропејци составувале еден народ со еден јазик што го востановуваат сега лингвистите преку споредување на старите и новите индоевропски јазици.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Дури, и на фундаментално ниво, познати лингвисти балканолози забележале необично граматичко конвергирање на балканските јазици едни кон други кои припаѓаат на различните индоевропски разграноци, а други лингвисти аргументираат и посочуваат и балканска јазична унија?
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ќе имаме многу работа, му рече на Татко, откако овој се напи вода, и без да му одговори на Камилски, земајќи ја листата на заемките од персиско потекло, пред да започне да ги чита најкарактеристичните, рече: Персискиот јазик, како и балканските јазици, за разлика од турскиот и арапскиот јазик, припаѓа во групата индоевропски јазици.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)