иницијал м.
иницијален прид.

иницијал (м.)

По вторпат иницијал, врел жиг низ теме до сржта на разумот.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Ѕидниот часовник – Предел во кој да ги распознаеш сите божји состојки од кои растат децата и цветовите; Поштарот кој среде летен дожд тропа на вратата и го довикува твоето име; ветровите што го менуваат правецот на корабите; воин од кој е останата само бројка врежана на неговиот череп; иницијали на ѕверови престорени во болки и во гранчиња; калуѓери што се движат по работ на морето и бараат пусти земји за молитви и мир; Елена на топлата постела на првата вечер; потомства што ќе ги остават своите ребра покрај ребрата на своите татковци; записот оставен врз плочата над нас.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Стариот ковчег, во распеани бои, со цвеќенца, со иницијали, паѓаше в очи зашто стоеше како камен – темелник на нов дом кој почнуваше да се ѕида.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Авторот во текот на целата книга иронично ќе ги означи со иницијали „антисубјектите” кои престанале да егзистираат како лица за да постанат егзекутори на гнасни дела.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
И на клучот златен ги видов истите букви, иницијали, како и на клучевите на тезгата на чудниот трговец Амореец, на пазарот во Дамаск!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Но, самиот се потресе кога еднаш се расплакав над една негова песна на која сѐ уште не беше стасал да ѝ ги стави своите иницијали.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ми стана мило што наидов на овој напис. Не ми зборуваше за ништо посебно, иницијалите не можев да ги поврзам со некоја личност, но ме возбудуваше дека зад Маказар стои едно изминато време, некој слој кој скржаво ми се открива.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
А и рецензиите ги потпишува со истите иницијали.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
На негова иницијатива, еден тиражен весник отвори специјална рубрика, во која доктор Миха еднаш неделно одговараше на прашања од читателите; читателите се јавуваа со иницијали, со псевдоними или анонимно, изнесувајќи свои случаи или случаи на свои; а доктор Миха им одговараше опишувајќи различни слични случки од својата псијихатриска практика, гарнирајќи го тоа со популаризирање на најновите достигнувања во таа област, и, се разбира, почитувајќи го интегритетот на своите дотогашни пациенти со тоа што наведуваше само еден иницијал од нивното цело име.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Во првиот број на листот при дното на уводната страница, под линија, како што е тоа уобичаено во некои медицински лексикони за народ, беше курзивно напечатена оваа максима со негови иницијали: „Солидните темели на нашата културна заедница се само позитивните принципи на Христовата етика, а неразоримата платина на врвот на нејзиниот громобран е само јакиот морален карактер на нејзините слободни синови”.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Карер го затвори гравираниот капак со иницијалите на дедо му, кои впрочем беа и негови иницијали, го врати на место стариот сребрен часовник и одново фрли поглед кон морската шир.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)