инквизитор (м.)

Настапија тешки часови. По цели дни таа плачеше, а пак јас како некој инквизитор полуден од љубомора - ја мачев, ја навредував и страдав заедно со неа.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
— Аман ага, аман пашум, аман татче, — пиштеа обесените, клоцаа мавтаа со рацете на кои им беа слободни, псуеја најпосле: живи, мртви, вера закон но ниту молбите помогнаа, ниту псовките и заканувањата ги заплашија инквизиторите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Големиот инквизитор не дозволува документи!
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Ова е проблемот и на Големиот Инквизитор од БРАЌАТА КАРАМАЗОВИ.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Затоа, со желба да го избришам од мислите на вашите еминенции и на секој верен христијанин ова моќно сомневање што беше со право изречено кон мене, со искрено срце и со вистинска вера ги отповикувам и ги негирам споменатите заблуди и кривоверства и воопшто сите заблуди и кривоверства и дејства спротивни на светата Црква; се заколнувам дека нема во иднина никогаш да речам или да тврдам усно или писмено нешто што би можело да фрли врз мене слично сомневање, и доколку ми се случи да сретнам кривоверец или некојшто се смета за таков, ќе ја известам светата инквизиција, инквизиторот или прелатот во местото каде што живеам.”
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Природно сета слава им припаѓаше на жртвите, а сиот срам на Инквизиторот, кој ги запалуваше.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тој беше мачителот, тој беше заштитникот, тој беше инквизиторот, тој беше пријателот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Денешниот научник е или мешавина од психолог и инквизитор, кој до најситни детали го истражува значењето на изразите на лицето, на гестовите, на тонот, на гласот и на ефектот на дрогите во шок-терапијата, хипнозата и во физичката тортура заради извлекување на вистината; или пак е хемичар, физичар или биолог, заинтересиран само за оние гранки од својата специјалност кои се во врска со одземањето на животи.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)