испопаѓа св.
испопадне св.

испопаѓа (св.)

Кога со своите подадени раце и со некоја темјанушка на усните меѓу уште подзарцвенетите обравчиња, куклата покани “Повелете“, од рацете на Дедо Мраз испопаѓаа јажињата.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Но нозете им се сплеткаа, испопаѓаа.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Половината елени испопаѓаа, а другите половина ледот ги врати назад, додека санките отидоа цик–цак линија.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Некои испопаѓаа и целите се измокрија, а посреќните и повештите ги натопија само панталоните.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Парчиња од дотраените ќунци висеа на неколку места под стреата така што од водата што кога врнеше се излеваше по фасадата малтерот беше испопаѓан.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК