испружи св.

испружи (св.)

Среќа ваша што брзам! Ајде! (Ги испружува рацете назад.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
МИТРЕ: (се испружува убаво). Шуќур каде оставил господ лежење, да може човек да си ја одмори снагата...
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Кога се крева завесата Митре е испружен на миндерот потпрен на една перница и задуман пуши, додека Мара ги прибира последните остатоци од голема софра на која вечерале жетварки. Време околу дваесет и три часот.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
По него заплускаа и каданите, а Халиле уморена, се истрча и се испружи до него на постелата, клавајќи ја својата мала главичка на неговиот скут.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Силен крик му ги распори сега градите на Јакима и тој ги испружи рацете, се подаде стреснато и растреперено напред, како да сакаше да задржи нешто и да врати од далечината.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Срипа како попарен од местото и почна да го крева директорот, кој збиваше испружен со лицето накај штиците.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Коњот исцвили, ги испружи предните нозе и застана како закопан.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- Гулапчиња! - си рече Борко и ја испружи раката како да сака да ги фати.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Цевката, дебела цела педа, се испружила токму на средината. - Нема да нѐ запреш, ти гадотијо!
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Се најде, испружен колку што е долг на нешто меко и оптегнато под сета должина на неговото тело, во едно ритмичко одминување, кое сега можеше сосема добро да го сети.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- Ама можам! – списка Зоки и го испружи својот црвен јазик. – Еве!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Стрепеше особено кога Бојан ќе испружеше рака нагоре, барајќи место каде да се фати, каде да ги закачи прстите, а такво место немаше.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Оторбешено седнат на дното на ровот, на сувата, прашлива црвеница, со нозете расчекорено испружени вдолж пред него, Шишман или копаше со петицата или со нокти чепкаше пред себе како некое куче што готви криење на коска.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Двајцата ги испружија отворените дланки со камчиња и почнаа да го бараат најпогодното камче.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Тетин Доне ја разгрна ќурдијата, ги поткрена клашите, едната ја испружи крај софрето натаму, а по коленото од другата се удри.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Беше си пригодил сенце, шумичка за овците и козите, слама за говетцата и магарашките, та не пуштајќи ги на паша, бидејќи земјата беше бела, тој им скубаше сено од стогот и шума од лисниците и им фрлаше по трипати на ден и си лежеше испружен крај огнот во колибата, чурејќи си го лулето со убав канатларски тутун, што, заедно со лебецот, сланинката, сиренцето, грашецот и леќичката, редовно му го испраќаше Миша по комшијата Суклета.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Кој си ти бре, ќерата, шо си се испружил тука како крмнак? — викна Сиве и сакаше да се наведе да го фати за затилок, но во тој момент се исправија пред него Трајко и Толе со навртени пушки во него.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Крвта бликна и му го облеа лицето, а Толе збесна. Со еден скок го фати сега за гуша Аќифа, му го откина јатаганот и, дури да посегне Толе и дури да го спречат другите ораџии и сеирџии што се загнаа да го откинуваа, Толе замавна и тилот од Аќифовата глава се оддели од другата половина и Аќиф се испружи на сред чаир.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Архангел Гаврил, во муслинска одора, цврсти крилја, раката испружена кон неа. Ѝ носи вест.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
(Се тетерави низ собата со испружени раце. Удира по ѕидовите. Пауза. Мира го посматра.)
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Повеќе