истраен прид.
истрае св.

истраен (прид.)

Подот е послан со рогузи и стари истраени ќилими, а под камарите сѐ до вратата, поредени се перници полнети со слама.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Професорката Анета, строга и правична, ме научи на истрајност, точност, одговорност...
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Како некоја невидлива сила да им ја испитувала истрајноста, да ги награди со спокојство и негрижи до суден ден доколку дојдат до целта.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Навистина ѝ завидував на нејзината увереност и истрајност.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Освен овие два збора, овие епитети, нејзиното име значеше и трпение, истрајност – упорност, долго – трајно постоење на неа самата, како тело а уште повеќе како личност. ***
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Во тој изитрен, недвојбен момент, јас осознав дали промените зависеа од упорноста и истрајноста или, пак, од нетрпеливоста...
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
А ако не се памети, значи не сме биле... запиши дека сме биле такви какви што сме биле.... само не пишувај дека сме биле малодушни, зашто такви не сме биле; запиши дека сме биле премногу верни и премногу измамени, но истрајни и цврсти... така запиши...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Време на постоење, време на истрајност. Време на чување на времето.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Набрзо исклучував сѐ без да направам промена: дали промените зависеа од упорноста и истрајноста или од нетрпеливоста, не можев да дознаам.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Само треба да сме истрајни во започнатото.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Ова е ваша истрајност, истрајност македонска.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тој е вчудовиден и од истрајноста на противникот и од тоа што бункерите издржаа едно толку жестоко бомбардирање.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И се убедив дека друг излез нема: само истрајност.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)