истражен прид.

истражен (прид.)

Полковник Фирсов, ваш иследник, мајор Панделеев, шеф на Истражното биро за меѓународна шпионажа, и јас, мајор Јоанидис, шеф на преведувачите...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Но она што навистина претставува преломен чекор во ни од далеку доволно истраженото поле на сексуалното уживање, се истражувањата на подрачјето на квалификацијата на материјата што го предизвикува половото возбудување.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Бев шокиран од споменувањето на името на улицата Хане, улицата каде што се наоѓа и денес истражниот затвор во кој и јас бев држен една ноќ, по она недоразбирање околу плаќањето на хотелската сметка, откога во Истанбул дојдов по собирот на писателите во Измир, за да ги земам парите испратени од татко ми преку Сити банк.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Јас ништо не им признавам. Сигурно некој ни го украл печатот, му велам на тој еден истражен што им беше. Ама кој те прашува.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
По два дена Круме Волнаровски беше приведен во Истражниот затвор.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)