кабает (м.)

Говори она: „Не боите ли се вие Бога, да ме убиете без кабахат?
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)
– „Тепање, ем лошо тепање сум му сторил, рекол Божин, со остенот ногата сум му ја окршил, ама сиот кабает го има Велко, што сеедно се џареше во него и не ми ги тераше воловите арно.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
ТЕОДОС: (Бесно.) Бре, уште јас кабает! Адет е овде! Јас ли сум го измислил тој адет?
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
И нему сѐ в очи ќе му речам! И ти си кабает, чорбаџи Теодосе!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
И ти си прав, и јас може да имам кабает. Сите треба да го ставиме прстот на умот...
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
САВЕТКА: (држејќи ја на градите и со озверен поглед кон Илија). Што е, што кабает си сторила?!...
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Јас су со тебе, и ако не го закла попот во турско за многу кабаети, ќе го заколеме сега обата и ќе се куртулисаме од него, — рече Ѓуро и го тупна по рамо внука си, негов најблизок род.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
На мајка Геле, што кабает направи ти на пет години, што те изедоа пците крастави... Ни Анѓа не мислеше друго.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Кажете шо кабает најдоте во мене?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ако ги затече живи „бунтовниците“, тој лично ќе му ги предаде нему — на валијата, да им суди судот, ако имаат кабает.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- Остај го мојот кабает, - ми вели тој мене. – Јас на време се тргнав.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
- Само ти немаш никаков кабает, - му велам јас нему. Задирливо.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Ѝ вели: „Значи, учениот...“ „Ами како! Ама ај најди му кабает.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Тука, кабает се возачите. Отвараат очи петбанки зашто ако случајно пипнат некој пешак – им сиба мајката.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
И сега пази премин - Криво је море! Шо кабает пусто море! Оди па разбери.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
„Што лошо сум ти сторила јас тебе? Што лошо ти стори човекот мој? Што кабает ни најде. Та мене, та нему...
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК