каприциозен прид.

каприциозен (прид.)

Нарушувањето на Берлинскиот договор и стамболовскиот режим крстени „самостојна национална” политика на Бугарија, на тоа политичко, каприциозно, неполнолетно недоносче, е втор удар за политичката слобода на Македонците.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Мајсторите доаѓаа за да ги поправат вакуумските лифтови, сликите на ТВ апаратите или пак удираа со чекани по каприциозните цевки за транспорт на храната.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Поради својата каприциозност, како и неговата желба да постави пример за во иднина да не се осмелуваат да одат директно пред суд, таа негова „фер понуда“ не важеше за оние кои веќе беа вклучени во тужбата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Распределбата на разни видови духови во нашето племе од почетокот била каприциозна и непостојана.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Занемев додека слушав. Не дека беше тоа нешто неочекувано од Стомачето, но иако толку добро го знаев секогаш успеваше дополнително да ме изненади со своите каприциозни постапки.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)