кајмак м.
кајмакам м.

кајмак (м.)

Од сичко носат кајмакот од потта цедат го сокот, од сичко носат кајмакот маката нам оставаат!
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
— Со кајмак, Мече, со кајмак, еден прст, ќе му речиш на Панчета, за мили гости на Петруша!
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
И сите му тапосаа на кадијата и кајмакамот кој по десет, кој по дваесет лири; некои по педесет, меѓу кои и Јован за Толета.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- Секогаш мора да расипеш нешто, - си помислив, ловејќи го со лажичето парчето одвратен кајмак што се беше нафатил на површината од шолјата со млеко.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Често ќе добиевме чаша млеко или парче леб со козји кајмак.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Еден наш роднина во градот порача кафе и кога виде дека нема кајмак, му се пожали на келнерот, а тој, пезевенкот, се врати во кујната и во филџанот плукна неколкупати.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Полека да крка на спуза сѐ додека не се подигне кајмакот и кога просторијата ќе се наполни со мирис, тогаш се тргнува настрана, малку се остава да одмори од вриењето и полека се сипе во филџанот.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
И ете ти кајмак густ како сапуница.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Вчера ја закопавме мајка ми и ги откопавме заедничките спомени: вареното млеко без кајмак и со многу шеќер, врелиот сутлијаш посолен со цимет, букетите црвени булки на првомајските излети, облогите на детското чело и гради кои го цицаа огнот, па предупредувањата дека во секоја вода има аждер пред да тргнеме на риба на реката или на капење во градскиот базен, нежните галежи кога од некого ќе добиевме завратница за спомен и долго сеќавање...
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Од нивното млеко мајка Ленче со негова помош правеше сирења, урда, кајмак, па Васе ги продаваше на пазар, а млекото го разнесуваше по куќи секое утро.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК