киоск м.

киоск (м.)

На сѐ се чека во ред, па и пред секој киоск за сладолед.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Списанијата оделе по пат на претплата или биле продавани по киосците за весници.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Сега Курназ немаше ни трафика ни бутка, туку киоск; и продаваше не само цигари и весници, кибрити и свеќи, коверти со марки и табаци за молби, ами и лижавчиња на дрвца, гумени бонбони и гумички за бришење на мастилави моливи.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Зашто, бездруго тоа беше неговиот киоск, оти над челниот џамлак пишуваше на фирмата „нова” со мали и „Македонија” со големи букви.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
3. „Баш да го видам тој Курназ“, си рече Ване наоѓајќи се - одеднаш, не сакајќи, потамина, којзнае како - пред неговиот киоск.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Мајка ѝ на гопоѓица Агата Голдблум беше ќерка на сопственик на киоск, инвалид со бледа дрвена протеза наместо десна нога.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Примерите вклучуваат пролиферација на надворешното рекламирање кое го уништува изгледот на природните и историските урбани пејсажи, комерцијални настани кои го ограничуваат пристапот до парковите и плоштадите, дизајнот на малопродажните киосци и излози во и околу јавните простори кои не го почитуваат локалниот контекст (со тоа праќајќи сигнал дека тој веќе не ја претставува локалната заедница).
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Млекарката излезе од платното и претрча до најблискиот киоск да си купи влажни марамчиња, да ѝ се најдат, ако, не дај боже, ѝ засолзат очите.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)