клима (несв.)

Тој долго ќе климаше со главата и со мрморење ќе го одобруваше она; што ќе го речеше Претседателот, заминувајќи по него.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Само едно пријателско довикнување, на што старчето, без да се обѕрнјува, клима со главата, за да продолжи да го повторува тоа при секое пречекорување понатаму.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Луѓето во лифтовите се љубезни. Се среќаваат, си климаат со главите, си разменуваат погледи, зборови, си го вежбаат бон-тонот, бијат шеги, внимаваат да не си го промашат катот.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Никој ништо не рече, само слушаа мртви сериозни и понекогаш мрдаа со главите, и тоа не озгора надолу, туку од лево надесно. Тоа е во Маказар потврдување, а климањето горе-долу, е одречување.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Пела цел пат нешто ломоти, прашува, сама си одговара додека баба Перса и мајка ѝ само климаат со главите без да испуштат ниеден глас.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Клима со главата горе-долу и јас гледам дека ништо не се сменило преку ноќта и дека ние сме истите стари пријатели спремни да го изедеме својот појадок.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Невеста имаш ли бе шутрак, млад си сигурно и таа е млада, ха, ха, ха? - се смееја на глас сите поддржувајки го главниот со климање на главата.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Томето само молкум климаше со главата, дишејќи полесно и чувствувајќи во секоја пора од нејзиното тело огромно олеснување дека нејзиниот Перо не ѝ е љубовник на опасната убава Атина.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Тие силно му се заблагодаруваа климајќи со главите и насмевнувајќи му се, а тој само немо им се насмевна и замавна со раката покажувајќи дека тоа не е ништо.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Под врви Анди пасе лама Пека тато, мека мама Бела лама пасе сама Црна лама уште посама Пасе лама, клима глава Росна тревка в меше клава Пози мени, фотки, слава Чифте фрла, сегде мава Делник кротка, сиктер фама Празник бесна, чалам дама Алфа бета пиши гама Узда мека в селска нама Аздис лама прави драма Од сребро сака мека слама Да сркне само два-три грама Козја завист да крене блама Претка лама копа јама Уплав најде древна кама Доста чалам леле аман Скраја крвој аман заман Нејќе лама пиш пиш пиштако Нејќе клања ни ни никако Сака под врв Анди да е Огден Неш Заедно да талкаат пеш и да играат шеш-беш.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
А ти само климаш со главата, ја слушаш како последно да ти е, и ја разбираш, дека сето си го прошла, па и потешко од нејзиното а веќе го гледаш ко филмче во гравче, оловце, кафе....или во дланката.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Со климање на главата и Рада се сложи со неговиот избор.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)