ковче (ср.)

Бегајте, инаку ќе ве подберам та ни едно ковче не ќе ви остане цело.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Не му оставил, изгледа, ни мангарче да ги загрее ковчињата...
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
„Каква акција, Оче Симеоне?“ уморно праша Мануш; ослушнување не доаѓа ли блондината, тој куп на неброени ковчиња.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Ја заборавија ретката гостинка со нацртани веѓи и многу остри ковчиња под тврдата облека, ја заборавија и својата бедна машкост и се обидоа да се извинат, набожнички, вернички, лакејски. „Оче Симеоне...“ Им одговори на непоставеното прашање, отсутно, не дигајќи ја главата потпрена на колениците: „Еднаш еден ваш коњ пуштив да спие кај мене.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Но сега се веќе во онаа доба кога силата од ден на ден ги напушта, кожата им ожебавува, пука, се лупи; им стрчат оголените гранчиња ко суви ковчиња, чкртаат на ветерот грозно, морничаво.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Почнаа и ковчињата да им се гледаат, да им се бројат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се прокуди човекот и не може и да зборува без ракија. Да му се урне гробот на тој што ја измисли! Ковче од ковче да му се разневиди!
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ноќва, силата до изутрина, гледај го, коска и кожа, ќе му се распадне целото телце, ковче по ковче, ќе се срони во него секое ковче, таква е болеста.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Срцево на земјава ѝ го прекопавме и исчепкавме сѐ до најмало ковче.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Одвај му се држат ковчињата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ни од искони нивните коски не се спепелиле. Каде и да било прочепкај, ковче ќе најдиш.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Конкретно, да го најде и ни ковче да не остави од него.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
- Излези или пушти. Ќе дојдат и ќе ми ги дробат ковчињата со шилести чекани.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
2 Според подоцнежното раскажување на кукулинецот Лозан Перуника* (значи по седумдесет и осум години од настанот, кога тој веќе бил на прагот на своето столетие, поточно - според записите на некој калуѓер од илјада деветстотини и тринаесеттата година, кога веќе се гризеле со оган и челик под знамиња на лав или двоглав орел и атакувале едни на други преку полумртви села и градови во прашина, во чад и во треска бугарските дивизии на генералите Тошев, Ковачев и Иванов и српските дивизии од Првата, Втората и Третата армија на престолонаследникот Александар и на генералите Степановиќ и Јанковиќ, и едните и другите, мобилизирајќи ги македонските голтари од вардарскиот, пиринскиот и егејскиот дел на својот вилает да пукаат едни во други**, додавајќи му ги на тој хаос и грчките војски, сите три крунисани влади на тие армии во алчна агонија да лапнат по еден залак од Македонија), во она време големоглавиот и бабуњосан Адам Леновец им раскажувал на неколцина од дружината дека попчето што го мердале ноќе во Лесново не се занесувало толку по идејата на грчката Патријаршија за една голема и од Зевс или Саваот благословена Елада, тој неграмотник со ретка брада можеби за тоа и не знаел, колку што сакал да ги завлече прстите со многу топчести ковчиња под ленената кошула на Фиданка Кукникова; каменоделците по ден, најчесто пред своите жени со загатливо сомневање под клепките, ја проколнувале и ја пцуеле убавицата со дамки, со тие златни очи на страст и копнеж по милување, а ноќе станувале од постелите на своите жени, божем во дворот ќе шопаат широко расчекорени и без воздишки по она што пред тоа го сонувале, всушност како лилјаци ја облетувале Фиданкината куќа со еден прозорец под бушавиот сламен покрив и со напукнат оџак; жените веќе нешто знаеле за ноќната лилјачка игра на своите мустаќести балами и со дукат го наговарале попот да се преправи во козинав врколак и да внесе страв во селото; ама и на попот, како што раскажувале, не му висел под папок суџук од мелено козјо месо; и тој станувал бабачко кога ќе се сетел какви тајни си криеле жените под кошулите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не ме разбравте. Не бараше тој овца да заколам туку јас самиот тоа го мислев кога видов дека е ковче и кожа.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Најголемата мистерија на праисторијата – ужива во нејзината збунетост, се повлекува на чекор од патеката, се провира меѓу грмушките и оттаму, го стивнува гласот: - Никој не знае што бил...цицач, или можеби гуштер...нема останато ни ковче од него. Освен траги.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Со раскопаните гробови и откорнатите дрвја, старите гробишта прилегаа на провалена кртечина од која во бегство е собрано и последното ковче.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Суви ќе сме- ковчиња и кожа- во Шумшул- град старци ќе се множат.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
И додека полека се отвора ризницата на портокалите исечени врз сртот на планината и додека го вадиме првото неочекувано ковче од мекото месо од телото на рибата, сега веќе во нашето тело едно ненамерно - намерно подбуцнување со зелено стапче мало ситно ништожно, го буцка нежното тело на вжарениот трупец и тој од покос се отвора пред нас со величествената светлина и топлина од неговата утроба, паѓа.
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
Џвакаа, глодаа ковчиња, задоволно гровтаа.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Повеќе