кожарски прид.

кожарски (прид.)

Така, еден богат кожарски трговец по име Коста Шуменковиќ125 по смртта своја пожртвува 500.000 франкови за српските училишта.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Буицата, покрај тврдината, ги уништила и ковачките, валавничарските и кожарските работилници подигнати на бреговите на долот, по оттука и името на средниот дел на Голема Вода, на оној од газилото па до долниот раб на шумата на Градишки Рид: Коачки Дол, Кочов Дол, односно Ковачки, односно Ковачов Дол.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Многу го сакаше ибн Пајко скопскиот жолт сафтијан, гласот за кого веќе беше одлетал надалеку, а богами и другите кожарски марифети ги ценеше.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)