козметички прид.

козметички (прид.)

Во телефонските линии се мешаше звукот на сирената за воздушна тревога со името на козметичката дребулија што треба да ѝ се прати, козметиката е страшно скапа, една крема за лице е четвртина од мојата пензија, зборуваше мајка ми и плачеше малку од страв, малку од пониженост, малку од возбуденост.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Тие разговараа за женски работи, од козметички препарати до педагошки постапки, но сега Маре рече: - Сите мажи зборуваат или за политика или за спорт.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Што да додаде од своите многубројни козметички средства врз меката кожа?
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Ќе те препознаам помеѓу илјада, тебе и твојата руса коса, која по осум години ја има истата должина, некаде до вратот, кој беше совршено млечно бел пред да се омажиш за гардиски капетан кој ги плаќа сите глупави козметички третмани. Нема љуфка.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)