коктел м.

коктел (м.)

Сѐ е испомешано но и во овој коктел од трговци и стоки, во ова шаренило сѐ е толку привлечно што во оваа чаршија може да се остане со часови и, покрај шумот да не се почуствува здодевност, зашто, секој момент се открива нешто ново.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Нѐ послужија со чорба која е сварена од коктел на зеленчуци.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
По завршувањето на програмата, нас неколку, нѐ повикаа на коктелот за слободните офицери.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Втората девојка, нашминкана тинејџерка, е снимена, легната помешешки, во песокот на некоја плажа, несомнено монденска, за што сведочат бело-сините лигештули, чадори за сонце и куполести кабини за пресоблекување во позадина на фотографијата, како и делумно фатениот сламен шанк со свежи коктели од ананас, киви, дињи и друго медитеранско овошје, богато гарнирано во издолжени чинии, елегантни како и вретенестата сенка на мускулестиот келнер во десниот горен агол.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Десно од нас онаа главна доплажна, наџиџана улица – барови, бутици, агенции, барови со виртуоз бармени, коктели, жени, пијана музика, пијанства...
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Одбрани луѓе, во ексклузивен хотел на морето, коктели, прошетки, приеми од страна на министри и градоначалници, возење со посебно закупен брод, размена на книги, телефони и адреси.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Сите тие поети, глумци, сликари-микари. Со ракии, коктели ликери-микери, добија инспирација за рекреација.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Џез коктели, вечер на сангрија – песни ќе се читаат кога клубот ќе затвори. (Во четири по полноќ овде има работа само за палеонтолози.) Џандарите пијат бесплатно или земаат процент од дилерот.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Додека помалиот син се растрчуваше меѓу публиката да им угоди уште со по некоја чашка, која тие ја прифаќаа како коктел, а тој самиот си ја сфаќаше како задушница, една старица во црно, склопчена надве врз едно столче во ќошот, гледаше во празно задумана во тајната врска меѓу смртта на детето и мажот, во ѓаволската судбина на таткото кому пред очи му умира синот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Ноември е: се менува небото, зачестуваа дождовите, сѐ се позгуснати и потешки, се набираа маглите во скопската котлина, па испаруваа како од коктел гушејќи ги минувачите.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Најпрвин ќе ви измузеа 2-3 коњака или коктели, после следуваат мобилни, накити, гардероба и на крај ако се напраат пресметките поисплатлива ќе беше курва од МРТВ отколку скотска спонзоруша.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Шминкерите од Сталинова продолжија да ги шмокаат коктелите или 100 денарското мало пивце и воајерски загледуваа во расчепатените задници и сурати од спротивниот двор.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Пиевме „Мохито“ коктели направени со рум Бакарди, ливчиња од нане и лимон.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Во паузата од половина час беше организиран коктел со мала закуска.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Уживавме во летот, навалени во удобните седишта, стујардесите постојано нè нудеа со егзотични коктели и убави јадења.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
По Порто Рико секогаш кога пијам коктел барам мохито, но никаде не е толку префинет како тој што го дегустиравме во фабриката за рум Бакарди во Порто Рико.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Имавме некоја бледа претстава дека за многумина геј-мажи што од нас беа постари десетина-дваесетина години да се биде геј имало некаква врска со сакањето бродвејски мјузикли или со слушањето песнички од мјузикли и љубовни жалопојки или со Џуди Гарланд или со свирење пијано, со носење пуфкави џемперчиња, пивкање коктели, павкање цигари и со меѓусебно обраќање со „жено“.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)