коментар (м.)

Мислам оти читателот без коментари ќе разбере што сакав во нив јас да речам.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Чанга не се задлабочи во татковата мисла, па неговиот коментар повеќе го следеше текот на сопствената мисла: – Лавот никогаш не напаѓа лав, или тигарот тигар...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ги слушаше речиси безгласните коментари, или така му се чинеше дека не е далеку денот кога градот ќе го завладеат козарите со нивните кози, дека не е далеку денот на белата, козја контрареволуција, кога неговата фотелја може да ја заземе козарот со титовка од козја кожа.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Во центарот на оваа грозоморна акција, е поместено читањето и коментарите на расказот „Козата на г. Сеген” од Алфонс Доде.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Играта на зборови сама по себе претставува суптилен коментар за функциите на јазикот, каде распоредот на согласките ги сугерира бројните потенцијални значења, а во исто време ú се потсмева на конечната дефиниција.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Јунг повлекува мошне интересна паралела меѓу поимот на огнот и потсвеста, во својот коментар за мистичните патувања на алхемичарот Михаел Маер.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Им се забележува на моите романи - игра на работ на балконот, кибритчиња покрај шише со бензин, набиен револвер на ноќната масичка - интелектуална потрага водена од самиот роман, нешто слично на непрекинат коментар за дејстието или, мошне често, дејствие поради коментар.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Тој коментар го наоѓаме во третиот дел на неговиот Трактат за сликарството.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Според неодамна издадената книга „Коментари за спектакуларното општество“ од Гај Деборд, денес живееме во клима на „општа тајност, лаги на кои не може да им се одговори“.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Текстот што следи истовремено )))Ƨƞƚ е коментар на изложбата во Венеција и осврт на односот меѓу приватниот живот на Дишан и темата на сексот во неговото дело.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Сакавме само да го чуеме неговиот авторски коментар на провокативната хипотеза за потрошените критички ресурси, кои, отсекогаш, ги кредитираа ангажираните проекти.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Се разбира, еден вид коментар, е твојата идеја или твојот став кон извесна тема или проблем, но се работи за различен дискурс.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Господинот Хајам мисли дека Хичкок чувствува „длабок презир кон светот”, и дека неговата вештина „секогаш се развива на најсилен начин кога има да испорача разурнувачки коментар”.
„Маргина бр. 21“ (1995)
Со тоа, ако не се декларирате како народен уметник вие автоматски станувате болшевик и марксист, а штом сте тоа, вие немате духовен свет, не ја сакате татковината (многу години подоцна, откако заминав слушав сѐ уште коментари дека сум заминал затоа што не сум бил никаков патриот!), немате однос кон историјата и редовно имате руина од семејство.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Не бил убеден дека тој конфликт можел да се реши на мирен начин па затоа ќе даде свој коментар во кој ќе нагласи дека “ако тие сакаат меѓусебно да си ги сечат грлата по војната тоа е нивна работа.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Секоја приквечерина, сѐ повеќе набљудувачи се собираа околу дупката и ги кажуваа своите коментари, своите совети и предвидувања.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Сакаше да ги чита моите статии, записи и коментари.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Она што го чув од читателите беше охрабрувачко, иако најчестиот коментар беше: „Се гледа дека го пишувал поет“.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
„Удобно се смести!” беше неговиот кус коментар.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Утрешниот којзнае кому ќе му припадне! ќе беше нејзиниот коментар, но ќе го соопштеше откако ќе се согласеше и ќе ги прифатеше сите мои размисли и предлози.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Повеќе
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК