комшилук м.

комшилук (м.)

Толку пати поминував од таму, таа зркната во мене, ама оти самичка, не се осмелував да ја опитам, ама денеска самата нè запре и нè внесе внатре, вели знам што бараш, те гледам секоја недела како го вртиш комшилукот со девојчето во раце и со ова убаво куче крај себе, ми кажаа што бараш, и така, ти била самичка, си имала една одајка отповеќе, вели дојдете уште од утре!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
- Што си имала, мори ти, со оној ајљаз горе, целиот комшилук да расправа за вас? - неговата сенка како лош прашалник ја пресечуваше слабо осветлената соба.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Тие зборови му значат дека ништо немало ниту може да има меѓу оваа девојка и него, сето ова е една измамена случајност, и нема полјакот зошто да се смешка така и да расправа после по комшилукот и по чаршијата.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Штом се вратив од чаршија ја фатив мрзата за шија цел ден по сокак дрдорела сармата скроз ја загорела Куќата цела ко кочина не можев да отпочинам филџани стојат на масата а мрзата мрсна небањата Нервозно кренав паника и сукало дебело заигра комшилук сеир гледаше назад кај татко бегаше
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Арно ама, мене не ме очекуваа, па за секунда чувствувајќи се како натрапник кој ја узурпира „гајбата“, занишав со глава и бргу-бргу исчекорив, божем до тука треба да патувам... ете, на гости во комшилук на втори..
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)