комшија м.

комшија (м.)

По малку време беше се собрале сите куќни луѓе и дури некои од комшиите и курдисале муабети да го прашаат Силјана. – "Е, Силјане, како е татко ти Божин со здравјето?
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
АНА: Ќе појдам, џанам, туку се премислив, зошто да викам од комшииве кога сега ќе дојдат жетварките и со некоја од нив ќе појдам.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Домаќинките не одат по комшии, си ја чуваат куќата своја и си ги гледат своите работи.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Фала, комшија ... Ние треба да се заштиштаваме... Денес ја тебе, утре ти мене...
„Гладна кокошка просо сонуе“ од Блаже Конески (1945)
Арно се сеќавам: меѓите со она село што го гледате зад блатово ни беа некаде тука; ако некому му се скршеше ралото стигаше неколку чекори да направи и да земе рало на заим од комшијата ...
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Кога ќе му кладат самар на добитче, првниот товар дрва ќе го разделат „за здравје“ на комшиите, а кога првин ќе меси девојче буле, ќе го разделат исто за здравје, по комшиските деца.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Карабуклијата е комшија на солунката, па и некаков вујко и паѓал, та белким и тој ќе изарчи некој збор на Петкова страна.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
„Стражата“ ќе „капитулира“ и ќе ги земе коњите да ги смести по комшиите, а луѓето ќе влезат дома во куќата, каде што се поставени трпези од горни до долни крај.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Истрча надвор и комшиите и кажаа дека отишла кај Шерда.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Јас сум, му одговара некој однадвор, - комшијата Пецо Кацарот. Врати ми ја мисирката, мевце ми се пријало.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
– Секој од вас дванаесетте души ќе соберете од по тројца свои луѓе – комшии и ќе ми ги донесете за еден саат овдека на сретсело; разбравте?
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
- Ако, комшија, ако... Одмори се... - му рече тивко, сочувствено дајреџијата.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- Комшија бре, ах, комшија... - никако не запира да го прегрнува директорот Владо.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- Велко, чаша за комшијата, - му викна Владо директорот на келнерот и префрли рака преку рамото на дајреџијата.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Трајче и мајка му отидоа во комшиите.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Само чифчиите и комшиите фрлија по некој и друг котел вода, но и тие се насладуваа на пожарот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Слушаше како кај комшијата вратата се отвораше; како го изведуваа и втеруваа; како викаа на него, го псуеја, ги слушаше како плуштеа камшиците и како тој сиромав стенкаше и псуеше мајка, вера, жена, деца и на султан и на валија, и на кадија, кајмакам и на сите Турци. Но не се јавуваше ни за добро ни за зло.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
На второто и третото накашлување Толе се увери дека тоа дете е неговиот комшија во ќелијата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
СТЕВО: Во ресторан ми е послатко. (Пауза.) И нема да бидам тука за вечера. (Пауза.) Знам дека е слава, знам дека ќе дојдат сите роднини, комшии и пријатели.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Дома, под прагот од влезната врата скрив револвер и илјада летци. Предај му ги на Миле комшијата.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Повеќе