конкретно прил.
конкретен прид.

конкретно (прил.)

- Читај ти брошури, конкретно „Наука и празноверие“ и сѐ ќе ти биде јасно.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Вампир, конкретно, облечен во бело, со олкави заби.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
- Еве да ти се јавиме цару дека сме живи и здрави што и тебе ти пожелуваме од сето срце и душа да чуеш за нас како сме ги биеле твоите војничиња и како ќе ги биеме конкретно...
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Конкретно, мојата муцка? Ајде кажете.“ Кажа: „Не.“ И потврди: „Вашата муцка не ми се допаѓа.“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Иако невидливи, жеравите беа нешто сосем конкретно за Бојана.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Конкретно, да го најде и ни ковче да не остави од него.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Татко ми сега почна да размислува за купување коза и реално, конкретно.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Присуството на мајка ми го тераше да размислува за козите не само филозофски туку и крајно конкретно, реално, каков што беше и самиот живот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Занимавајќи се со јазикот како сеопфатно конкретно фонетско единство, играта со зборови ја доведува во прашање вредноста на јазикот како апстрактна метафора.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Оној момент кога ќе бидеме во состојба калкулаторното мислење да го преведеме во конкретно, ќе биде можно произведување на нешта кои во овој свет не се можни, на пр. повеќедимензионални тела или фрактални форми.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Во нашиот случај, формулацијата: колку има во неа од руското, толку има и од светското (вечно, неминливо и т. н.) е сосема соодветна за објаснување на интерференциите, што конкретно руската сатира ги претрпува со сатирата воопшто, барем во раниот степен на својот развиток.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Делото не ви кажува директно ништо конкретно за себе, но сепак постепено ви ја открива својата суштина.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Вулфила се задоволува со замена на неколкуте специфично грчки фонетски значења во системот на писмо со конкретно готски фонетски значења, со што во готскиот систем на писмо не се нарушува ниту редоследот на знаците, ниту нивната бројна вредност.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Може да се рече дека системот за изразување на бројни вредности во архаичното грчко писмо го следел создавањето на конкретно грчкиот алфабет, но не бил истовремен со него.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
А модерниот интелектуалец, тој и онака се раѓа дури тогаш кога се ослободува од „функциите“ и кога идеолошката конструкција на „народот и неговата историја“ конкретно ја доведува во прашање.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Проблемот на генезата на алфабетските системи писмо треба да се разгледува врз широката заднина на филогенетскиот развој на писмото како такво и оформувањето на конкретно алфабетските писма од претходниот, старосемитски консонантно-силабички систем на писмо.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Така, полека, низ превезот на солзите, од збор до збор, влегува во него, поминува низ него, а ништо конкретно.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Дали минатото постои конкретно, во просторот?
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Потем не се сеќавам на ништо конкретно и сигурно.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
„Да си одиме по пругата“, рече Земанек и јас знаев зошто вели така: во таа општа дезориентираност во тој широк простор, во таа светлина што гаснеше, единствена сигурност да не се изгубиме нудеше пругата; таа водеше некаде, водеше на конкретно место, и гарантираше дека ако се оди по неа, нема да се скршне од вистинскиот пат; мостот нѐ воведуваше право во тунелот, тунелот што изгледаше како да ќе нѐ шмукне, како да ќе нѐ голтне, како да ќе нѐ спроведе на саканото место.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Повеќе
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК