координата ж.

координата (ж.)

Како историчар, современик и учесник, Мисирков успеал, без вообичаената историска дистанца, прилично точно да го определи местото на овој процес и неговите основни координати во македонската национална историја.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Светот не постои каков што го знаевме. Координатите на животот се растурија.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Тоа е за нас сеуште неразбирлив и непрепознатлив свет, со некаква злокобна искривеност, на која што жестоко ѝ се спротивставуваат нашите ментални правоаголни координати, научени на линеарниот бескрај на критиката и историјата.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Всушност, тоа е прегнантна определба на координатите на еден фасцинантен имагинативен простор што е омеѓен од двата спротивставени пола на немиметичката книжевност: фантастиката на натприродното, што им се потсмева на природните закони или пак наполно ги игнорира и фантастиката на идното, сфатена како социјална критика.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Основните димензии можат, значи, да се посматраат и како доминантни координати на вредносните определби во популацијата.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Разликите меѓу нас сепак се споредни: она што Фуко го нарекува диспозитив, а што Феликс и јас го нарекуваме подесеност, нема исти координати со оглед на тоа дека Фуко ги поврзува изворно историските низи, додека ние поголема важност им придаваме на географските состојки, на територијалитетите и движењето за детериторијализација.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Во околина во која, од една страна, сопственоста станува сè поважна, а од друга, нашиот економски интерес се поместува од објекти кон информации, домот веќе не е дефиниран со географски координати, туку со пристапната патека во информационата мрежа.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Дропките, равенките со икс и ипсилон да ги пресметаме, да ги вкалкулираме во нашата реалност, да ги одредиме координатите за да преживееме.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Ова беа координатите на вечната библиотека под париското небо која ја посетуваа во сите годишни времиња од целиот свет.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)