копнежлив прид.

копнежлив (прид.)

Ако било време на сенокос, час кога пролетта е нападната од омарнина, копнежливоста на дивите треви ќе му ја раздвижела крвта на добитокот, дење да го наслушнуваат со мудрост на изморени рабини љубовниот повик на птиците, ноќе или пред мрак да ги влечат воденичките камења и да се удираат со рогови погрешно спрегнатите деснаци и леваци.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
До вчера од дома жално и копнежливо го гледавме овој козји ешелон како поминува предводен од Чанга и неговите прчови, а сега бевме негов дел.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Боги, струполен и поспан, го мамеше Борјан, кој копнежливо го гледаше низ прозорецот и цифкаше: Пути ме, сакам галам...
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Бидејќи ветрот им одеше сѐ наспроти бродот, мораа да пловат засолнети од Кипар и тој помина долго време загледан копнежливо кон копното, кон Тарс, кон градот во кој ги остави мајка си и татко си кога на тринаесет години замина за Ерусалим.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Животното имаше жолти вкочанети очи кои копнежливо се мачеа да се затворат.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
За оние нешта кои требаше допрва да дојдат дознававме од пријателките кои имаа постара сестра или братучетка, или од некоја книга, и дознаеното, она што беше како гледање низ дебел превез, предизвикуваше страв и срам, а во исто време и копнежливо исчекување.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Испуштам лесна копнежлива воздишка и накратко замолчувам.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
- Си направив еден кавал - ликот твој го напишав - кој ќе свирам да те гледам - да те гледам - да те љубам - леле, моме, моја да си, - леле, моме, негалено - леле, моме, нељубено... извива кавалот милно, копнежливо - сега му е време, додека се готват тапанџијата и двајцата зурлаџии.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
- Кавалџијата Ангеле извива копнежливо чекорејќи назадечки од почетокот кон крајот на орото - кајшто се момичките првпат фатени.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК