коректив м.

коректив (м.)

Тогај кога зборува за својата Македонија, Никола Кирков го соопштува настанот низ една суптилна критичка нота а со цел да не затапи рефлексот и општествениот коректив онде каде што се покажува како неопходно одмавнувањето на грешката, каде што се покажува како неопходно отколонувањето на причините кои можат да доведат до мултиплицирање на проблемот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Своето доживување на настанот не бев спремен да го понудам како коректив.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)