корона ж.

корона (ж.)

Се прави нетопот (една тенеќија, издупчена и свиена како корона, наресена со разни пари и мониста) и невестата се променува во особена кошула која се вика „црнетата".
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
Потоа зафатија силни ветрови да дуваат и го спотераа дождот; дуваа од сите страни, дуваа и од височина, се креваа и од земјата, налетуваа во бранови со прескокнување, со бучење, со завивање; ги витлеа короните на дрвјата, носеа со себе откинати гранки, валми сено и лисја и сѐ што можеа да соберат; носеа и сламени покриви од плевните, ги тресеа прозорците на куќите и втеруваа страв и во луѓето и во добитокот.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Шеташе Богдан со очите по неговата корона и попусто му бараше зелена гранка.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК