крака несв.
крак м.

крака (несв.)

Кокошката уште крака, велам, и јајцево е уште топло.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Заминуваме, а оддалеку, слушам, Дуковица колне: Огнот да ги изгори, улерата да ги лавне, петлите пејат, јас им зборувам на џандарите, а сакам сѐ да крака, да мука и да мјаука, гледам да не се чуе Дуковица. 224
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Шуркам овде, шуркам онде, а шеќерче никаде нема.., На мислата слушам крака коковчето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
— Кај се најде мори сега, вели кумата, сега и јајцата ќе ни прокракаат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ќе го снесам ко јајце и со кракање ќе се вратам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тие се прпелкаат, а кокошките кракаат, испуштаат душа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
На свој начин веќе сакат, не ќе пееш, не ќе кракаш.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)