крвнички прид.
крвник м.

крвнички (прид.)

Господарот брзо се сврти. Неговиот поглед крвнички се впи во Аргир и како со клинец го пронижа. Но само за миг.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Куцовангелис, израдуван што брановци ќе ги најде в црква наместени под неговиот крвнички нож, се погрижил до Браново да дојде навреме.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Одеше по фабриките и ги поттикнуваше работниците да штрајкуваат за покусо работно време и поголеми плати, а фабрикантите плаќаа луѓе да ја претепуваат толку крвнички што со денови лежеше во бессознание, а потоа, кога ќе се исправеше на нозе, одново одеше по фабриките и ги организираше работниците и одново ја претепуваа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Кај нас, тие паликарјата Македонес страв будеа и сееја со лош збор, со крвнички поглед, со стегната тупаница, со стап, камшик и со ластегарка в рака, со шлаканица, со подивен глас на стие, со начулено уво под прозорец и со намигнување на кодош..
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Удираше крвнички по железото. Му беше гајле за ритамот.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
А тој, наизменично, удираше со цел замав, влечејќи ја кон себе прачката и крвнички загледан во моето лице, чекаше да залиптам, да заплачам, да лелекам, да врескам, да молам...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)