креда ж.
кредо ср.

креда (ж.)

Пред тоа, кога се качуваше по камените столбови на жолтата трикатница искитена над темелот од детски креди со смешни глави и забранети зборови, се чудеше.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
На, гледај...“ ги вади од долапот и ги фрла пред неа; прва фотографија: Профим со жена си Профимица; таа е со испупчен мев, трудна; крај нив се сите четири ќерки: Царјанка, Девица, Венера, Андромеда; облечени која како се нашла во моментот кога сликарот дошол; зад нив: плот со оретчени плотици на кои стојат наврени празни грнчиња, стомни, чупки; дрво што се превиткало и со едниот дел влегло во фотографијата; Профим со поднакривена шубара и исшилени мустаќи подвиткани нагоре; едната рака ја држи префрлена на рамото од Профимица, а со палецот од другата рака притиска на малото џепче од копоранот; Профимица е забрадена со шамија тргната над очите, како да се затскрива од сонцето или како да се срами; втора фотографија: Профим и Профимица, сами; Профимица е со доста потпорастен мев; фотографијата е направена одблизу како за на ѕид или надгробна плоча; жена му ги држи рацете скрстени на мевот, а тој ја држи под рака; зад нив се наѕира вратата на чија клучалка висат потки од дрен и кукурек и дел од детската глава нацртана со креда на вратата и чијашто уста е развлечена во смеење; трета фотографија: пак сите заедно, но сега Профимица ја држи во рацете долгоочекуваната принова на куќата - бепчето Скрче; се гледа: фотографот имал голема мака додека успеал да го фати овој момент кога бепчето ги отворило очите, при што насмевката на Профим, од долго местење и стоење, останала како сиросана, како скаменета; девојчињата од пресилно блескање на сонцето, замижале и изгледаат како да спијат! четврта фотографија: Скрче качен на коњ.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Лицето му е избелено ко креда.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Најмногу душата му се собираше кога делкаше воденички камења; со денови вртеше околу карпата од која требаше да се издвои поголем камен од кој требаше да се изделка воденички камен: ја набљудуваше карпата, секоја нејзина жилка ја проучуваше: од каде трга и каде оди, каде се разгранува, слично на ботаничарот што ги проучува жилките на растенијата, како дрварот што го проучува дрвото од која страна да почне да го цепи; го проучуваше до каде оди цврстиот дел на каменот, а од каде почнува болниот; го обележуваше со креда, со керамитка, со врвот од глетото.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Лицата, бели и порозни како креда, усните – розов лакмус натопени во киселините на воздушните честички, косите – црни, блескави кациги, сепак проѕирни, со темни, но речиси фосфоресцентен отсјај, низ кој како да се наслушнуваше пискавиот чрчор на невидливите, атомичести колибри!
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Учителот се потеше, чкрташе со кредата на таблата и објснуваше.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Љубовникот, со полно кесе кикиритки, ги посетува трите Ани во наивните три круга од креда: Ана во првиот круг е матурантка.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Во школата имал табла,сунѓер, креда, во своите деца низ ѕрцала ги гледал.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Одеднаш тој го забележа лицето на Џулија на неколку сантиметри од своето мртовечки бело, бело како креда лице.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Џулија, меѓутоа, како да не беше во состојба да ја спомене Партијата, и особено Внатрешната партија, без да употреби некој од оние зборови што се среќаваат испишани со креда по клозетите. Не му пречеше.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
- Продолжуваме! - вели учителот. Се наведнува, ја зема кредата и пак испишува задачи по таблата.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Кредата во раката на учителот се скрши и падна на подот.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Додека тие седеа стиснати како курсисти, тој на подиумот накратко им ги изнесуваше главните црти на сценариото, служејќи се со кредата на таблата како професор по тригонометрија.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Бабата на дрвена табла со креда напишала: Тури потпечи... ѓомлезе... риба со гравче...
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Цртал со креда од цигла по целиот пат, од шталите до Лозарството.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Тој запре на следните општопознати заемки од оваа област како: алат, направа за работа, прибор инструмент (од арапски alat); бикчкија, остар чевларски нож за кроење кожа (од турски biki); казма, копач, лопата за копање (од турски kazma); токмак, вид чекан од дрво (од турски tokmak); фалака, валака, направа за мачење со која се врзувале и рацете на оној што бил осуден на казна тепање (од арапски falaka); чекич, чекан (од турски eki); ченгел (од персиски engel); алка (од арапски halka); бурма, прстен (од турски burma); и почесто со исто значење заемката чивија (од турски ivi); калем, молив (од арапски kalem); тебешир, креда (од персиски tebeir).
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)